недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Крај на една ера: BMW го исфрла мануелниот менувач и покрај огромната побарувачка

by Redakcija
18.09.2026
in Магазин

Иако интересот за мануелниот менувач сè уште е голем, особено во САД, BMW M се подготвува да стави крај на една ера. Актуелниот M2 би можел да остане последниот модел на спортскиот оддел на BMW кој ќе им овозможува на возачите сами да ги менуваат брзините.

BMW е еден од ретките премиум производители кои сè уште нудат мануелен менувач, но се чини дека и тоа наскоро ќе се промени.

Интересот е особено голем на американскиот пазар. Според шефот на BMW M, Франк ван Мел, дури половина од купувачите на M2 во САД се одлучуваат за шестстепен мануелен менувач наместо за осумстепениот автоматски менувач од ZF.

Токму големата побарувачка го поттикнала BMW да претстави и специјална верзија на M3 CS со мануелен менувач, наречена M3 CS Handschalter.

„Погонот на задните тркала и мануелниот менувач се комбинација од соништата за многу пуристи“, изјавил ван Мел. Тој додал дека побарувачката за ограничената верзија била огромна и автомобилот практично веднаш бил распродаден.

Наследниците на M3 и M4 без мануелен менувач

BMW сè уште не открил колку примероци од M3 CS Handschalter ќе бидат произведени, туку само најавил дека серијата ќе биде „многу ограничена“.

Моделот воедно ќе претставува еден вид збогување со генерацијата M3 G80 на американскиот пазар, а според досегашните информации, би можел да биде и последниот M3 со мануелен менувач.

Следната генерација на M3 се очекува околу 2028 година. Наводно ќе го задржи познатиот 3,0-литарски шестцилиндричен мотор со два турбополначи, но мануелниот менувач повеќе нема да биде достапен.

Слична судбина го очекува и M4. Актуелниот модел ќе остане во производство уште извесен период, но неговиот наследник се очекува пред крајот на деценијата, исто така без шестстепен мануелен менувач.

Доколку овие најави се остварат, BMW M2 би можел да остане последниот модел на BMW M кој ќе им дозволува на возачите сами да ги избираат брзините.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дневен хороскоп: Парична можност за еден знак, љубовно изненадување за друг – што ви носи недела?

Дневен хороскоп: Парична можност за еден знак, љубовно изненадување за друг – што ви носи недела?

22.11.2026

Рерната ќе блесне без напорно триење: Потребна ви е само една таблета што веќе ја имате дома

21.11.2026

Наташа покажа како се живее во еден од најсуровите градови во светот: Снег 244 дена, температури до минус 56 степени

21.11.2026

Пиете кафе секој ден? Научниците открија интересна поврзаност со работата на цревата

21.11.2026

Заборавено парче мебел повторно станува хит: Некогаш го имаше во речиси секој дом

21.11.2026

ВИДЕО: Пентагон објави нови снимки од НЛО над Блискиот Исток – мистериозните објекти сè уште не се идентификувани

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

zelenski

Зеленски го одби германскиот предлог: Украина не сака членство без право на глас

6 месеци ago

(ВИДЕО) Израел ликвидираше висок функционер на Хамас задолжен за снабдување со оружје

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се трага по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар: Спасувачките екипи повторно на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синот на Милорад Додик предложен за премиер на Република Српска: Игор Додик ќе ја составува новата влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.