недела, октомври 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Македонски стартап со глобални амбиции: „Прилог“ сака да стане новиот GitHub за инженерските тимови

by Redakcija
18.09.2026
in Технологија

Македонскиот стартап „Прилог“ развива систем базиран на вештачка интелигенција кој има цел автоматски да ги открива и решава софтверските грешки, а амбицијата на тимот е нивниот производ да стане алатка што ќе ја користат инженерски тимови ширум светот.

Зад стартапот стои софтверскиот инженер Роберт Марковски, кој има повеќе од една деценија искуство во индустријата. Тој претходно ја основал компанијата „Мозок“ во Келн, Германија, која работела со клиенти како Mercedes и MediaMarkt.

Идејата за „Прилог“ произлегла од проблем со кој, според Марковски, се соочуваат речиси сите софтверски компании – голем број багови за чие решавање инженерите често немаат доволно време. Затоа тимот развива систем кој со помош на вештачка интелигенција треба во реално време автоматски да ги решава ваквите проблеми.

Првиот прототип бил изработен во ноември 2025 година, а производот веќе се користи и има околу 20 потенцијални клиенти, меѓу кои стартапи и големи компании. Постојаниот тим го сочинуваат тројца луѓе, со дополнителни инженери кои се вклучуваат по потреба, додека значителен дел од работата ја извршуваат софтверски агенти.

„Нашата амбиција е да сме следниот GitHub, да сме продукт со кој секој инженерски тим на светот ќе нема багови“, вели Марковски.

Компанијата сега е блиску до затворање на својата прва инвестициска рунда и разговара со повеќе инвеститори. Целта е да обезбеди околу или повеќе од еден милион, при проценка на компанијата од десет милиони. Најголем дел од разговорите се со американски инвеститори, но интерес има и од Германија, Хрватска, Бугарија и други европски пазари.

Досега „Прилог“ е целосно самофинансиран, а евентуалната инвестиција тимот планира да ја насочи кон експанзија, маркетинг и продажба. Иако зад проектот стои целосно македонски тим, компанијата работи на далечина и има глобални амбиции.

Извор: https://it.mk/makedonski-startap-ima-ambitsija-da-bide-sledniot-github-za-inzhenerskite-timovi/

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Технолошките гиганти се повлекуваат од Клод: Сопствените модели стануваат приоритет

07.10.2026

Трамп формираше група за вештачка интелигенција: Американскиот разузнавачки директор ќе ја предводи

04.10.2026

Што се случува со iPhone 18 Pro? Корисниците пријавуваат чудно пукање од звучникот

01.10.2026

Gemini 4 Argon е дизајниран да решава најтешки задачи: Еден од главните фокуси е сајбер-безбедноста

01.10.2026

Не ги фрлајте старите мобилни телефони: На еден модел од 2007 година жена заработила 185.000 евра

28.09.2026

Кинески квалитет: BYD повлекува над 183.000 автомобили поради сериозни проблеми

22.09.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

15 пожари избувнаа низ Македонија, два сè уште се активни

2 месеци ago

Вечерва започнува четвртото издание на „Taste the South“ во Гевгелија

1 месец ago

Популарни Вести

  • „Фајненшл тајмс“: Постојат руски планови за атентати врз директори на компании што ја снабдуваат Украина

    „Фајненшл тајмс“: Постојат руски планови за атентати врз директори на компании што ја снабдуваат Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трагедија во Турција: 11 загинати и 27 повредени откако автобус се судри со камион и се преврте

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО | Борци од Леринско во ослободено Скопје: Фотографија потсетува на Првата егејска бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Остра порака од Трамп до Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски му одговори на Трамп: Дајте ни 60 дена целосно примирје и ќе организираме избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.