четврток, октомври 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Три години издавал лажни решенија за приватизација на земјиште – МВР со детали

by Redakcija
22.09.2026
in Црна Хроника

Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Струга, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи во Струга, поради сомнежи дека во период од три години злоупотребувал службена положба и изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште.

Според информациите од МВР, пријавениот работел како советник и бил овластен потписник на акти. Во текот на 2022, 2023 и 2024 година, тој наводно изработувал решенија за приватизација на земјиште во корист на други лица, без претходно да обезбеди мислење од надлежната институција.

Осомничениот, според полицијата, самоволно ставал службен печат за правосилност на документите, по што ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности во Струга.

МВР против него поднело пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

Од полицијата засега не соопштуваат колку решенија биле изработени на овој начин, ниту колкава имотна корист или штета евентуално произлегла од постапувањето.

Случајот сега треба да биде предмет на натамошна постапка, во која треба да се утврдат сите околности поврзани со спорните решенија и нивната употреба пред надлежните институции.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

15.10.2026

Со лажни потврди за дарување крв до платено отсуство: Кривична пријава против вработен во МВР

15.10.2026

Одземен полициски пиштол, со БМВ се дале во бегство на автопатот кон Тетово – кривични пријави против три лица

14.10.2026

МВР и ФБИ откриле нелегален пазар за украдени податоци, пријавен 20-годишник од Тетовско

14.10.2026

Барале 10.000 евра и се заканувале со компромитирачки материјали – Тројца приведени

14.10.2026

Полициска акција во Струмица – Одземени дрога

14.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Sony размислува за подолг животен век на PS5 пред лансирањето на PS6

8 месеци ago
Премиерот Мицкоски и катарскиот премиер, Шеик Мохамед разговараа за регионалната стабилност и економска соработка

Премиерот Мицкоски и катарскиот премиер, Шеик Мохамед разговараа за регионалната стабилност и економска соработка

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Насилни протести во Албанија: Запалени делови од државни згради, 55 уапсени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја дел од Центар – Прекин од 9 до 13 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Тетово, Мала Речица и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.