недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ИМАЛЕ ПАЗАР ЗА СЕКОЈ ЛЕК – Тошковски откри детали

by Redakcija
23.09.2026
in Црна Хроника

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека некои од илегалните лекови, кои беа запленети во полициска акција, биле наменети за домашниот пазар, а други за странскиот, додавајќи дека случајот произлегол од претходни оперативни постапки и вештачења мобилни телефони.

– Дел од нив бил за македонскиот пазар, а дел, во согласност со првичните информации што ги имам, бил за пазар на територијата на нашиот сосед. Добро е што оваа постапка и акција координирано се презема во соработка со Јавното обвинителство врз основа на претходни постапки што, да речеме, сме ги почнале ефективно во рамките на телефоните што се одземени при првичната акција пред извесно време што ја имавме – изјави Тошковски одговарајќи на новинарско прашање по дијалог-сесијата на Националната конвенција за Европската Унија.

Дополнително произлегле докази, како што рече, кои довеле до сите чекори преземени за разоктривање на криминалната група.

– Добро е што е спречена една организирана криминална група, која во изминатите години дејствувала на начин на кој дејствувала надвор од законите, внесувала на територијата на државата разни видоиви незаконска стока, да се изразам, и добро е што повеќе нема да може да го прави тоа. А, се надевам дека Јавното обвинителство и судот во иднина ќе ги преземат сите оние нивни надлежности со цел на крајот да видиме правда во овој случај и да упатиме порака до сите оние што мислат дека се недопирливи – истакна тој.

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против осум лица: М. С. (52) од Тетово, З. С. (42) од Гевгелија, А. С. (38) од Скопје, Б. Љ. (46) од Тетово, Е. А. (55) од Скопје, Д. Џ. (46) од Тетово, Б. А. К. (34) и С. С. (42), двајцата од Турција, за повеќе кривични дела, меѓу кои шверцување, прикривање стоки што се предмет на шверц“, избегнување плаќање акциза, примање поткуп, давање поткуп, производство и пуштање во промет штетни средства за лекување и перење пари и други приноси од казниво дело.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО | УБИЕН ПРИПАДНИК НА ШКАЉАРСКИОТ КЛАН: Откриена втора локација, пронајдени запалено возило и две пушки

ВИДЕО | УБИЕН ПРИПАДНИК НА ШКАЉАРСКИОТ КЛАН: Откриена втора локација, пронајдени запалено возило и две пушки

22.11.2026

Мистериозна смрт кај Смилковци: 38-годишен скопјанец пронајден мртов со прострелна рана

21.11.2026

Претрес во Штип: Уапсен 33-годишник – МВР со детали

21.11.2026
Скопјанец осомничен дека го запалил автомобилот на мајка си и се заканувал дека ќе го запали станот

Скопјанец осомничен дека го запалил автомобилот на мајка си и се заканувал дека ќе го запали станот

20.11.2026
Полицијата заплени бела прашкаста материја во струшко Франгово, приведен 47-годишен маж

Полицијата заплени бела прашкаста материја во струшко Франгово, приведен 47-годишен маж

20.11.2026
Барале 100.000 евра, па запалиле „ренџ ровер“: Кривична пријава против четворица турски државјани

Барале 100.000 евра, па запалиле „ренџ ровер“: Кривична пријава против четворица турски државјани

20.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Бугарија ја прекинува воената помош за Украина

6 месеци ago

Новиот BMW X5 добива спортски изглед со M Performance додатоци

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.