вторник, октомври 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп, сакаме иднината да ја градат тука

by Redakcija
26.09.2026
in Република, Топ Вести

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

Проданоски денеска присуствуваше на првиот настан за младинско претприемништво и бизнис-пичинг во Прилеп, на кој ученици од средните училишта ги презентираа своите бизнис-идеи пред претставници на бизнис-секторот, професори, ментори и искусни претприемачи.

„Овие млади луѓе во иднина треба да бидат носители на развојот на локалната економија и локалната заедница. Затоа е важно уште денес да им создадеме простор да учат, да се поврзуваат, да ги развиваат своите идеи и да добијат поддршка за нивната реализација“, порача Проданоски.

На настанот присуствувал и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, како и претставници на Регионалната стопанска комора-Прилеп и локалната бизнис-заедница. Тие со своето искуство и знаење им овозможиле на младите да добијат нова перспектива и да воспостават контакти за понатамошен развој на нивните идеи.

Проданоски посочи дека локалната самоуправа работи на создавање услови младите да ја гледаат својата иднина во Прилеп, а не надвор од градот.

„Нашата цел е младите да имаат можност да создаваат свои бизниси, да отвораат нови работни места и со своите идеи да придонесуваат кон развојот на градот“, истакна прилепскиот градоначалник.

Тој додаде дека преку ваквите иницијативи Општина Прилеп директно учествува во поттикнувањето на претприемачкиот дух кај учениците и во развојот на нивните знаења и способности.

„Заедно го развиваме Прилеп како град во кој младите нема да бараат иднина надвор, туку ќе имаат причина својата иднина да ја градат тука“, порача Проданоски.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски: Од денес достапни за граѓаните, реализација на набавката на нови амбулантни возила

20.10.2026

Од сопствени ниви до домашно млеко: Како работи фармата на ЗК Пелагонија во Новаци

20.10.2026

Далеку од дома, обединети за Лабуништа: Донаторска вечер ја собра дијаспората во Италија

19.10.2026

Утре без струја повеќе населени места во тетовско: Еве каде се најавени прекини

19.10.2026

Се заменува водоводна мрежа стара над 40 години на улицата „Димитар Тодоровски“ во Битола

19.10.2026

Коњановски: Со идеите на битолчани заеднички создаваме буџет по мерка на граѓаните

19.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Важна информација за исплатата на социјална и детска заштита

5 месеци ago

Штрајк ја парализира „Луфтханза“: Утре масовни откажувања на летови од германските аеродроми

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Зошто Македонците толку вложуваат во станови?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откуп на земјиштето под зградите: Предлогот влезе во собраниска процедура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Излегле од дома и не се вратиле: Шест пријавени исчезнувања во Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Од денес достапни за граѓаните, реализација на набавката на нови амбулантни возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама го возвраќа ударот: Најави казни за родителите, откази за професорите и бонуси за полицајците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.