понеделник, октомври 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонија полна со грчки возачи: Масовно доаѓаат по поевтио гориво

by Redakcija
28.09.2026
in Македонија

Сè поголем број грчки граѓани патуваат во соседните држави Македонија и Бугарија за да наполнат гориво по пониски цени, додека во Грција расте незадоволството поради високите цени на бензинот.

Грчката Комунистичка партија (ККЕ) ја обвини Владата дека со актуелната енергетска политика ги принудува граѓаните да патуваат во соседните земји за да заштедат при купувањето гориво.

Грчките медиуми известуваат за зголемен број возачи на граничните премини со Македонија и Бугарија. Според нив, дел од граѓаните прават поголеми набавки во соседството, бидејќи разликите во цените им овозможуваат значителни заштеди.

Сопственици на бензински станици во Грција посочуваат дека околу 56 проценти од крајната цена на литар бензин отпаѓаат на даноци и акцизи.

Според изјави на возачи, при полнење цел резервоар со безоловен бензин во Бугарија може да се заштедат околу 35 евра, додека значителни разлики во цените има и во Македонија.

Во Грција цената на безоловниот бензин се движи околу 2,20 евра за литар, а во делови од земјата, особено во внатрешноста и на островите, цената достигнува и околу 2,50 евра.

Покрај горивото, жителите на пограничните области, особено од Серес, велат дека во Бугарија купуваат и прехранбени производи по пониски цени, а дел од нив набавуваат и огревно дрво.

Во меѓувреме, ПАСОК побара привремено целосно укинување на даноците на горивата, додека опозициските партии бараат мерки за намалување на товарот врз граѓаните.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Во Веро собрани 689 килограми храна за поддршка на околу 58 семејства

19.10.2026

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

19.10.2026

Македонија со најниско ценовно ниво на храната меѓу 36 европски држави

19.10.2026

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, разликата со СДСМ е над 4 спрема 1

18.10.2026

„И Здравје и Работа“: Европа ги забрзува постапките за критични минерали, Македонија треба да го искористи потенцијалот на Иловица

18.10.2026

Димовски: Нашата етногенеза не може да зависи од одлука на соседна влада

18.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

trump

Трамп тврди дека не знаел за израелскиот напад врз иранското гасно поле

7 месеци ago

Србија под удар на дожд и обилен снег: Надлежните со предупредување до возачите

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Во Веро собрани 689 килограми храна за поддршка на околу 58 семејства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск: Следната година ќе подарам по една акција од „СпејсЕкс“ на секое дете во Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен крај во Велешко: Спасено мече заробено во нелегална примка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Видео на социјалните мрежи го откри: Малолетник возел мотоцикл на едно тркало во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.