среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Воздушен напад врз Киев: Погодена Академијата на науките, луѓе спасувани од запалената зграда

by Redakcija
28.09.2026
in Свет

Screenshot

Руските сили денеска извршија серија воздушни напади врз Киев и други делови од Украина, при што беше погодена и зградата на Националната академија на науките на Украина.

Според информациите што ги објави украинскиот претседател Володимир Зеленски, во нападите има загинати цивили, додека спасувачките екипи се на терен и трагаат по лица кои можеби останале заробени во погодените објекти.

На социјалните мрежи се појавија снимки од зградата на Академијата, на кои се гледаат големи оштетувања, пожар и густ црн чад. Според објавените снимки, дел од луѓето се обидувале да ја напуштат зградата преку прозорците.

Покривот и горните катови на објектот се сериозно оштетени, а околината е прекриена со остатоци од тули, бетон и друг градежен материјал. Пријавени се и оштетувања на возила кои биле паркирани во близина.

„Руски напад ја погоди зградата на Националната академија на науките на Украина. Спасувачките операции се во тек: екипите го гаснат пожарот и бараат луѓе кои можеби се заробени внатре. Сите служби се распоредени“, напиша Зеленски на Икс.

Украинскиот претседател наведе дека Академијата не била единствената погодена локација. Според него, во Киев биле нападнати и фармацевтска компанија и бензински пумпи, додека во Днепар бил погоден деловен центар. Зеленски исто така соопшти дека во други градови и региони биле погодени цивилни објекти, бизниси и комуникациска инфраструктура.

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и порача дека нападите, според него, треба да бидат сигнал за западните партнери за продолжување на поддршката за Украина.

Спасувачките служби продолжуваат со гаснењето на пожарите и пребарувањето на оштетените објекти, додека се очекуваат дополнителни информации за бројот на жртвите и причинетата материјална штета.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Руски дизел утре тргнува за САД: Првата пратка ќе изнесува 40.000 тони

21.10.2026

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше „многу глупав руски генерал“

21.10.2026

Без нив Германија тешко ќе функционира: Во овие професии повеќе од половина од работниците се странци

21.10.2026

„Блумберг“: Сериозно предупредување од НАТО до Зеленски

21.10.2026

Мерц: Русија не сака само да ја порази Украина, туку и да го дестабилизира европскиот поредок

20.10.2026

Зеленски бара итна помош – САД не ги одобруваат испораките на „Патриот“ од сојузниците за Украина

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Декемвриски скок на прометот на берзата, активноста сепак се стеснува

Декемвриски скок на прометот на берзата, активноста сепак се стеснува

10 месеци ago

Ќе се реставрира Шарената џамија во Тетово

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски на терен: „Се гледа крајот“ – одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Глечерот на судниот ден“ се топи побрзо од проценките: Научниците предупредуваат на поголем ризик за крајбрежјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците конечно ја разрешија големата мистерија зад култните статуи на Велигденскиот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.