сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Ова се десетте најбогати луѓе во светот

by Redakcija
06.10.2026
in Економија

Распоредот на најбогатите луѓе во светот значително се промени во текот на изминатиот месец. Според октомвриската листа на „Форбс“, дури седум од десетте најбогати милијардери ја смениле позицијата.

На врвот и понатаму е Илон Маск, чие богатство се проценува на 936 милијарди долари. Во последниот месец неговото богатство се зголемило за околу 44 милијарди долари, главно благодарение на растот на вредноста на „SpaceX“.

Најголемиот скок го направи Џеф Безос. Основачот на „Амазон“ се искачи на второто место, откако неговото богатство порасна за неверојатни 102 милијарди долари и достигна околу 370 милијарди долари.

Растот на богатството на Безос се поврзува со новите проценки на вредноста на неговата вселенска компанија „Blue Origin“, како и на стартапот за индустриска вештачка интелигенција „Prometheus“.

Со прескокнувањето на Безос, Лери Пејџ од „Гугл“ падна на третото место со околу 286 милијарди долари. Неговото богатство сепак се зголемило за околу осум милијарди долари.

Четврти е Мајкл Дел со богатство од околу 268 милијарди долари. Тој во изминатиот месец додал околу 28 милијарди долари, откако акциите на „Dell Technologies“ пораснаа за 18 отсто поради зголемената побарувачка за сервери поврзани со вештачката интелигенција.

Основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, е петти со околу 263 милијарди долари, иако и неговото богатство пораснало за околу седум милијарди долари.

Марк Закерберг останува на шестото место. Богатството на основачот на „Мета“ се зголемило за околу 55 милијарди долари и достигнало 251 милијарда долари.

На седмото место е Џенсен Хуанг, а по него следуваат Лери Елисон и Стив Балмер.

На десеттото место повторно се најде Ворен Бафет, кој се врати во друштвото на десетте најбогати луѓе во светот. Од листата, пак, испадна шпанскиот моден магнат Амансио Ортега, чие богатство се намалило за околу шест милијарди долари и изнесува 141,8 милијарди долари.

Лери Елисон исто така забележал пад, со намалување на богатството за околу 13 милијарди долари, на 179 милијарди долари, по падот на акциите на „Oracle“.

Вкупното богатство на десетте најбогати луѓе во светот во октомври се проценува на околу 3,1 трилиони долари. Тоа е зголемување од околу 300 милијарди долари во однос на претходниот месец.

Топ 10 најбогати луѓе во светот – октомври 2026

  1. Илон Маск
  2. Џеф Безос
  3. Лери Пејџ
  4. Мајкл Дел
  5. Сергеј Брин
  6. Марк Закерберг
  7. Џенсен Хуанг
  8. Лери Елисон
  9. Стив Балмер
  10. Ворен Бафет

Сите десетмина се американски државјани, а шестмина од нив имаат проценето богатство од најмалку 200 милијарди долари.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

31.10.2026

Паднаа цените на златото и среброто на светските пазари

31.10.2026

Колку пари се потребни за удобен живот во Европа?

31.10.2026

Милијарди евра на банкарските сметки: Што откриваат бројките за штедењето?

31.10.2026

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година

30.10.2026

Божиновска: Енергетската транзиција мора да донесе сигурност и нови можности за економски развој

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Иран остро до САД: Барањата се неразумни, нема брзање за договор

7 месеци ago

Промет од 8,26 милиони денари, стабилна сесија со минимални ценовни поместувања и раст на ОМБ од 0,39%

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.