вторник, октомври 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

by Redakcija
07.10.2026
in Македонија

Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано, со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји. Компанијата го користи учеството на CPHI за продлабочување на деловната соработка и проширување на партнерствата, како и за претставување на потенцијалите на „Реплек“ пред партнери од различни пазари, со што треба да се создадат нови можности за зголемување на извозот. Проширувањето на меѓународната позиција е дел од стратегијата за долгорочен развој на компанијата.

На годинешниот CPHI Milan 2026, тимот на Реплек остварува средби со постојни и потенцијални партнери од различни пазари, на кои ги претставува производствените капацитети, фармацевтското портфолио и можностите за соработка.

„Нашето петто учество на CPHI покажува дека Реплек континуирано и долгорочно ја гради својата позиција на меѓународниот фармацевтски пазар. За нас, CPHI е место каде што отвораме нови можности за соработка и раст. Имаме јасна амбиција да бидеме присутни на повеќе пазари и преку квалитет, знаење и континуирани инвестиции да ја зголемуваме конкурентноста на Реплек и да создаваме долгорочни можности за производите развиени и произведени во Македонија“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

Континуитетот на меѓународните настапи на „Реплек“ се надоврзува на објавениот извештај за продажните резултати на компанијата за деветте месеци од 2026, во кој вкупните приходи од продажба во сегментот Фармација достигнаа 21,9 милиони евра и каде домашниот пазар и сопствените претставништва на странските пазари се издвојуваат како делови со особен придонес во реализацијата.

Имено, во периодот јануари – септември 2026, продажбата во земјава достигна 7,2 милиони евра, што претставува раст од 14% во однос на истиот период од 2025-та. Овие резултати ја потврдуваат довербата што пациентите, здравствените работници и деловните партнери ја имаат во производите на „Реплек“, позитивниот прием на новите производи лансирани во текот на минатата година, како и успешната реализација на комерцијалната стратегија на домашниот пазар. Истовремено, раст бележат и продажбите на пазарите со сопствени претставништва, кои достигнаа 1,3 милиони евра што претставува раст од 56% во однос на истиот период минатата година. Директното присуство на „Реплек“ со свои претставништва на клучните пазари во странство овозможува поблиско следење на потребите на овие пазари и поактивно управување со комерцијалните активности. Вкупниот извоз во првите девет месеци изнесува 14,7 милиони евра. Пониската извозна реализација во однос на истиот период лани е поврзана со поместување на договорените испораки кај дел од партнерската мрежа, во услови на променлива меѓународна пазарна динамика. Во третиот квартал е забележано постепено стабилизирање на динамиката на извозните продажби. Договорните обврски остануваат во сила, а компанијата е фокусирана на нивната реализација, со претпазливи очекувања за темпото на испораките.

Паралелно со активностите за развој на пазарите, „Реплек“ планира лансирање на четири нови производи до крајот на 2026-та и продолжува со инвестицијата во новиот погон за полуцврсти и течни фармацевтски форми. Неговото ставање во употреба се очекува во втората половина од 2027, со што ќе се зголемат производствените капацитети и ќе се создадат дополнителни можности за проширување на портфолиото. Овие вложувања, заедно со развојот на партнерствата и сопствените претставништва, се насочени кон поголема отпорност на промените на одделните пазари, долгорочен одржлив раст и создавање дополнителна вредност за своите акционери, вработени, партнери и пациенти.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Кој ќе добие постојано работно место? Нов предлог за ангажираните во државните институции

27.10.2026

Мицкоски: Целта е јасна – да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

27.10.2026

Николоски: Извозот е прв приоритет за домашната економија

27.10.2026

Каде се може да патувате со македонски пасош?

27.10.2026

Промени во сообраќајот кон Охрид: Работи на делницата до клучката Арбиново

27.10.2026

Преку официјалната веб-страница loto.mk, Државна лотарија ја нуди можноста за онлајн играње на најпопуларните игри на среќа – Лото 7 и Џокер

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

По 50 години се случува ретка астролошка промена: Овие 3 знаци ќе имаат најмногу причини за радост

4 месеци ago

Утре без струја делови од Скопје: Проверете дали вашата улица е на списокот

1 недела ago

Популарни Вести

  • Меџити: Средбата со Хаџиу е потврда на блиските односи меѓу Македонија и Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подигнале станбен кредит, па ѝ ги зел парите: Скопјанка пријавила измама од над 1,5 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет лица повредени во судир на две возила во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе добие постојано работно место? Нов предлог за ангажираните во државните институции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза со благ пад на МБИ10 од 0,01 отсто и најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.