Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „5 Ноември“ и „Крушевска Република“ во Струмица.
Според Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 октомври во 12:40 часот. Во неа учествувале „пежо“, управувано од М.М. (28) од селото Радичево, општина Василево, и „форд“, управуван од К.С. (57) од Струмица. Двете возила биле со струмички регистарски ознаки.
Возачот на „фордот“ се здобил со тешки телесни повреди, додека неговите четворица сопатници — М.М. (58), А.Ф. (37), М.М. (56) и М.Ф. (38), сите од Струмица — се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
…











