сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Нови правила за поседување оружје: Еве што ќе се менува

by Redakcija
08.10.2026
in Македонија

Нови правила во областа на оружјето најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, нагласувајќи дека целта е да се олеснат процедурите за граѓаните кои ги исполнуваат законските услови, но истовремено да се зајакне контролата врз поседувањето и употребата на оружје.

Тошковски говореше на свеченоста во Народниот театар во Велес по повод 80-годишнината од основањето на Ловечката федерација на Македонија. Тој им го честиташе јубилејот на членовите на Федерацијата и на генерациите ловци кои придонесувале за развојот на ловството во земјата.

Осврнувајќи се на реформите во областа на оружјето, министерот рече дека при преземањето на функцијата било утврдено оти повеќе од 5.000 граѓани ги исполнувале условите за добивање дозвола, но не ја добиле. Во исто време, според него, оружје поседувале и лица кои не требало да го имаат.

„Таков систем не е ни праведен, ни безбеден. Затоа го сменивме“, истакна Тошковски.

Една од новините е електронската платформа преку која ќе се поднесуваат барањата за набавка на оружје. Предвидено е и укинување на обврската за претходно одобрение за набавка на муниција, додека МВР преку централен електронски систем ќе има увид во набавените количини.

Новиот Закон за оружје предвидува и можност со едно барање да се побара набавка на повеќе парчиња оружје, како и регулирање на полнењето муниција.

Меѓу предложените промени е и проширувањето на сокорисничкото право, а рокот за регулирање на наследено оружје ќе биде продолжен од два на четири месеци.

Дополнително, предвиден е рок од една година за регулирање на одредени случаи во кои рокот бил пропуштен или барањето било одбиено поради истек на рокот. Ова се однесува и на оружје што треба да се легализира, пререгистрира или доброволно да се предаде.

Тошковски нагласи дека поедноставувањето на административните процедури не значи и попуштање во контролата.

„Секое олеснување за чесниот ловец оди заедно со построга контрола“, порача министерот.

Според него, со новиот закон ќе се овозможи електронско следење на оружјето од производството до крајниот корисник, а сопствениците ќе имаат обврска да го чуваат оружјето на безбеден и соодветен начин.

Законските измени ги опфаќаат и современите технологии. Тошковски посочи дека ќе се регулираат и оружје и делови изработени со 3Д печатачи и CNC машини, кои претставуваат нов предизвик во однос на времето кога бил донесен претходниот закон.

Министерот порача дека легалното оружје треба да биде во рацете на одговорни граѓани, додека за нелегалното оружје, како што нагласи, нема место во општеството.

„Доверба за тие што ги почитуваат правилата, нулта толеранција за тие што ги кршат“, истакна Тошковски.

Тој ја нагласи и потребата од континуирана соработка меѓу институциите, Ловечката федерација и ловечките друштва, со цел навремено да се утврдуваат евентуалните проблеми при примената на новите законски решенија.

На свеченоста во Велес, Тошковски уште еднаш го честиташе 80-годишниот јубилеј на Ловечката федерација, истакнувајќи ја улогата на ловците во познавањето и зачувувањето на природата.

„Ловецот најдобро ја познава оваа земја. Секоја планина, секоја долина, секоја патека. Можеби затоа најдобро и знае колку таа вреди“, порача Тошковски.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

31.10.2026

Подгответе ги чадорите: Недела и понеделник ќе поминат во знакот на дождот

31.10.2026

Мицкоски во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

31.10.2026

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

31.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, Судскиот совет експресно разрешувал неподобни  судии како во случајот со Катевеноски од Врховниот суд

8 месеци ago

Спектакл во Атина: Два европски гиганти во војна за титулата во Евролигата

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.