сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Николоски: Градиме истоверемено шест автопати, на Македонија и се случува силен инфраструктурен развој

by Redakcija
13.10.2026
in Економија, Топ Вести

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс на економијата. Станува збор за обемен градежен потфат со кој ретко која земја во регионот, па и пошироко, може да се пофали, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата “Колегиум” на АЛФА ТВ.

Николоски се осврна на динамиката на изградба на автопатите, предизвиците со кои се соочуваат изведувачите и очекуваните рокови за завршување на делниците, посочувајќи дека секој од овие проекти има значајна улога во поврзувањето на регионите и заокружувањето на главните патни коридори.

Особено значаен проект е автопатот Кичево–Букојчани, чија изградба започна вчера и кој, според Николоски е клучен за поврзувањето на Коридорот 8 и за целосното функционирање на автопатската врска од Скопје, преку Тетово, Гостивар и Кичево, до Охрид и Струга.

“Автопатот Кичево-Букојчани е еден исклучително значаен проект, проект којшто ја прави целината на автопатот кој што оди од Скопје, преку Тетово, Гостивар, Кичево, до Охрид и до Струга, но исто така е клучен за Коридорот 8, затоа што без овој автопат, трите други автопати коишто се градат во моментов, Охрид-Кичево, Букојчани-Гостивар и Гостивар-Тетово, ќе немаа смисла, односно ќе не можат да се спојат. Со овој автопат целиот Коридор 8 добива смисла”, рече заменик претседателот на Владата.

Николоски посочи дека станува збор за исклучително тежок, планински терен, на кој ќе се градат тунел долг 370 метри, пет големи вијадукти, четири помали мостови, пет натпатници, четири потпатници и две клучки. Како особено значајно го истакна и учеството на домашните инженерски компании.

Вицепремиерот зборуваше и за диманиката на изградба и на останатите автопатски делници, при што истакна дека очекувањата се секаде роковите на изградба да бидат запазени.

“На автопатот Прилеп-Битола, работите се одвиваат со одлична динамика, рокот на завршување е до крајот на 2029 година, но очекувам веќе в година да имаме отворено дванаесетина километри од 40. 

Тетово-Гостивар, иако изгледа лесен, има доста објекти и таму има предизвици, но се решаваат и очекувам исто така во рокот до крајот на 2029 година да биде завршен. 

Гостивар Букојчани, или обиколницата на Стража, тој е најтежок за работа, затоа што целиот е низ планина, има многу мостови, еве веќе почна осмиот мост да се работи овие денови. Тој е 31км, и таму очекувам 2029-2030 да биде завршен. 

Букојчани-Кичево рокот за изведба е 4 години, изведувачите ветуваат дека за 3 години и 6 месеци ќе го завршат и Охрид-Кичево, една поголема делница очекувам да пуштиме во следниве месец дена, а целиот да биде завршен напролет во зависност од временските прилики”, истакна вицепремиерот Николоски.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

06.11.2026

РУДАРСТВО.мк: По четири децении во Франција доделена прва рударска концесија

06.11.2026

Битолчани предлагаат што да влезе во буџетот за 2027 година: Од санација на патишта до центар за средно образование

06.11.2026

ТИТАН Усје и ПМФ со нов меморандум ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието

06.11.2026

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти во Скопје и Охрид: Познати се датумите и изведувачите

06.11.2026

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

06.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Холанѓанец и Шпанец приведени по напад врз 33-годишен арачиновец во Скопје

2 месеци ago

Нетанјаху најавува зголемување на израелските напади врз Иран

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница: Од 6 часот еднонасочно кон гробиштата во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУДАРСТВО.мк: По четири децении во Франција доделена прва рударска концесија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја носел мајка си да питачи, ја надгледувал и ѝ ги одземал парите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Иницијатива за „Бизнис клуб Битола“ и поголема поддршка од компаниите за локалната заедница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.