среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Поранешен градоначалник на Струмица и уште две лица пријавени за злоупотреби и фалсификување

by Redakcija
16.10.2026
in Црна Хроника

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Струмица и други две лица за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36) од Струмица, во времето на сторување на кривичното дело градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, во времето на сторување на кривичното дело раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и Ј.П.(60) од Битола, во времето на сторување на кривичното дело управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано) поради основано сомневање дека К.К. и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 ст.1, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по чл.378 ст.1 од КЗ.

К.К. и С.Р. во 2022 година ја злоупотребиле својата службена положба така што овозможиле на правно лице да легализира бесправно изграден објект на парцела во с.Куклиш. Имено, легализацијата е извршена така што од страна на С.Р. било побарано од Ј.П. да изготви елаборат за бришење на објекти на катастарска парцела во Куклиш и таквиот елаборат да го искористат за бришење на објекти кои биле во сопственост на Општина Струмица, со цел катастарската парцела да добие чист имотен лист. Од страна на Ј.П. е изготвен елаборат и технички извештај со невистинита содржина дека на лице место не постојат објекти и како такви се употребени при процесот за бришење на објекти кои биле во сопственост на Општина Струмица, а изградени на катастарската парцела во сопственост на РС Македонија. Со овие дејствија, пријавените му овозможиле на Т.Ј. од с. Куклиш да се стекне со противправна имотна корист, со тоа што од страна на првопријавениот е издадено решение за легализација на бесправно изграден објект, со кое му се легализирале објект – зграда бр. 1 со намена И4-Б (стовариште) во приземје ниво 1 со внатрешна површина на деловен простор од 161 м2 на катастарската парцела и со таквата постапка исто така му овозможиле да изврши откуп на земјиштето под зграда, да изврши отуѓување на земјиште со површина од 866,46 м2 во сопственост на РС Македонија и да се запишат на негово име со право на сопственост.

Исто така, од страна на првопријавениот и второпријавената не биле земени во предвид околностите дека во претходниот период имало водена постапка против Т.Ј. и во 2016 година е донесена пресуда од Виш управен суд, со која се одбива жалбата на Т.Ј. односно му се одбива барањето за легализација на бесправен објект, со образложение дека објектот е на парцела на која право на сопственост на објект има Општина Струмица. Исто така, и во 2019 година е донесена пресуда од Виш управен суд, со која се потврдува дека Т.Ј. има изградено објект без соодветно одобрение за градење. Врз основа на вака констатирана состојба од страна на овластен градежен инспектор при Општина Струмица на Т.Ј. му е издадено решение со кое му наредил да ја отстрани градбата, а спротивно на сето тоа пријавените овозможиле корист на Т.Ј., а штета на Општина Струмица и Р.С. Македонија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Што пишува во полицискиот билтен за приведувањето на 19-годишникот покрај Вардар?

10.11.2026

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“, при проверката откриени 171 таблета

09.11.2026
Страшна сообраќајна несреќа во Сплит: Три лица се борат за живот, мотоцикл се запалил по силен судир со автомобил

Страшна сообраќајна несреќа во Сплит: Три лица се борат за живот, мотоцикл се запалил по силен судир со автомобил

08.11.2026
КРВАВИОТ НАПАД ВО КРАКОВ ДОБИВА НОВ ПРЕСВРТ: Девет убиства, сомнежи за тероризам и радикална идеологија – што открива истрагата?

КРВАВИОТ НАПАД ВО КРАКОВ ДОБИВА НОВ ПРЕСВРТ: Девет убиства, сомнежи за тероризам и радикална идеологија – што открива истрагата?

08.11.2026
Уапсени осум полицајци во Србија: Се сомничат за смртта на братот на обвинетиот во случајот со Данка Илиќ

Уапсени осум полицајци во Србија: Се сомничат за смртта на братот на обвинетиот во случајот со Данка Илиќ

08.11.2026
Искршени мермерни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров, полицијата го истражува случајот

Искршени мермерни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров, полицијата го истражува случајот

08.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нерасчистена еколошка криза: Лојане останува жариште на арсен и антимон

Нерасчистена еколошка криза: Лојане останува жариште на арсен и антимон

6 месеци ago
Без возачка, но зад волан: 25-годишник направи хаос во Тетовско, повредено и мало дете

Мотоциклист и сопатник тешко повредени во судир со „голф“ кај Тетово

1 месец ago

Популарни Вести

  • Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија дел од светските разговори за климатските промени и енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од 1 јануари се зголемува старосната граница за пензионирање на жените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.