Поради поголем дефект на водоводната мрежа, поголем дел од Тетово ќе остане привремено без вода, информираат од ЈКП „Шар“ – Тетово.
Според известувањето, прекинот се очекува да трае околу два часа. Екипите на претпријатието ќе работат на отстранување на дефектот и повторно воспоставување на редовното водоснабдување.
По завршувањето на интервенцијата, снабдувањето со вода постепено ќе се нормализира.

Од ЈКП „Шар“ ги повикуваат граѓаните на разбирање и трпение. Во известувањето не се наведени конкретните улици и населби што ќе бидат опфатени со прекинот.
…











