четврток, ноември 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Не мора да го изберете најскапиот модел за да добиете долготрајна батерија и AMOLED екран: Што нуди REDMI Note 17 Pro 5G?

by Redakcija
19.10.2026
in Технологија

Кога ќе слушнеме „Pro“ во називот на уредот, најчесто очекуваме и повисока цена. Но токму во средината меѓу основните модели и најскапите смартфони често се наоѓаат телефоните што имаат најмногу смисла за најголем број на корисници.

REDMI Note 17 Pro 5G е создаден токму со таков пристап.

Голема батерија, AMOLED екран, 5G, главна камера со оптичка стабилизација и конструкција направена со фокус на издржливост се повеќе од само аргументи кои го задржуваат вашето внимание.

Повеќе од два дена со едно полнење

Првата бројка што привлекува внимание е 8.340 mAh. Толкав е капацитетот на батеријата на моделот REDMI Note 17 Pro 5G, а Xiaomi наведува автономија подолга од два дена во соодветни сценарија на користење.

Тоа е особено важно ако телефонот во текот на денот го користите за сè: работа, пораки, навигација, фотографии, видеа, социјални мрежи и (видео) повици. А кога ќе биде потребно полнење, тука е 67W HyperCharge брзото полнење кое ви овозможува за многу кратко време батеријата повторно да е фул. Дополнително, со 22,5W жично реверзибилно полнење, телефонот може да сподели дел од својата батерија со друг компатибилен уред.

Создаден за секој ден

Големата батерија нема многу смисла ако остатокот од телефонот бара премногу внимание. Затоа REDMI Note 17 Pro 5G добива Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, како и сертифицирана отпорност на пад до три метри во дефинирани тест-услови. Тоа не значи дека телефонот треба намерно да се фрла, туку дека конструкцијата е развиена со реални секојдневни ситуации на ум.

И токму тука се гледа филозофијата на REDMI Titan Quality: Уредот да не биде привлечен само во моментот кога ќе се извади од кутијата, туку да може да се носи и користи подолго време со помалку грижа.

Екран што не прави компромис

REDMI Note 17 Pro 5G користи голем 6,83-инчен 1.5K CrystalRes AMOLED дисплеј, со освежување до 120Hz и максимална осветленост до 3.500 нити.

Во пракса, тоа значи мазно скролање, голема површина за видео и апликации и подобра видливост кога телефонот се користи на отворено.

Wet Touch Technology 2.0 дополнително го подобрува одзивот кога екранот или прстите се влажни.

Доволно брз за секојдневните работи

Телефонот го придвижува Snapdragon® 6s Gen 4 Mobile Platform, изработен во 4nm процес. Наместо да се натпреварува во тоа кој има најголем benchmark број, REDMI Note 17 Pro 5G е насочен кон она што повеќето луѓе навистина го прават: повеќе отворени апликации, видео, навигација, работа, социјални мрежи и повремено гејмање.

Главната камера е 50MP со оптичка стабилизација на сликата, дополнета со 8MP ултраширока камера. Не се обидува да биде професионална камера во џеб, туку едноставно е подготвена кога ќе посакате да фотографирате нешто.

Можеби токму Pro е „златната средина“

Не секој корисник има потреба од максималната батерија, најбрзото полнење и секоја функција од најскапиот модел. За многумина, подобриот избор е оној што ги покрива работите што навистина се користат секој ден, и притоа останува во попристапна ценовна рамка. Токму таму REDMI Note 17 Pro 5G има најмногу смисла.

Промотивна понуда која не сакате да ја пропуштите

Октомври е идеален месец да го купите новиот REDMI Note 17 Pro 5G, бидејќи во рамки на актуелната промотивна понуда и по извршена регистрација на купувањето, можете да изберете како подарок еден од следниве три уреди на Xiaomi: греалка Mi Smart Space Heater S EU, прочистувач на воздух Xiaomi Smart Air Purifier 4 Compact EU или правосмукалка-стик Xiaomi Vacuum Cleaner G20 Lite EU. Промоцијата трае до 31 октомври или до истрошување на залихите.

Понудата трае до 31 октомври, односно до исцрпување на залихите.

Продажбата на REDMI Note 17 Pro 5G во Македонија е веќе започната, а со актуелната промотивна понуда по регистрација на купувањето може да се избере еден Xiaomi уред на подарок.

На располагање се Xiaomi Vacuum Cleaner G20 Lite EU, Xiaomi Smart Air Purifier 4 Compact EU или Mi Smart Space Heater S EU.

Понудата важи до 22 октомври или до исцрпување на залихите.

За оние што во моментов бараат нов телефон со голема батерија, добар екран и издржлива конструкција, тоа е уште една причина REDMI Note 17 Pro 5G да влезе во потесниот избор.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Телефоните поскапеа за околу 20 отсто, а продажбата падна за една петтина

05.11.2026

Колку зрачи вашиот телефон? Еве кои модели се на врвот, а кои на дното на листата

04.11.2026

Дали вашата професија е меѓу нив? Четири области во кои човечката улога останува важна

30.10.2026

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

30.10.2026
НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ: Нова вакцина го намалува ризикот од враќање на болеста за 42 %

НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ: Нова вакцина го намалува ризикот од враќање на болеста за 42 %

29.10.2026

60.000 вработени пред одлука: „Мајкрософт“ понуди пакети за напуштање на компанијата

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Индустриското производство во Македонија за 2025 година бележи раст од 1,9%: Пијалаците и моторните возила ја носат економијата напред

Индустриското производство во Македонија за 2025 година бележи раст од 1,9%: Пијалаците и моторните возила ја носат економијата напред

10 месеци ago

ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

1 недела ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Вештачката интелигенција и градовите на иднината во фокусот на конференцијата во Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Најмладите се иднината на Пробиштип, нивните идеи заслужуваат да бидат слушнати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моќен циклон пристигнува на Балканот: Македонија ја очекуваат силен ветер, високи температури и сахарска прашина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Меѓу најотворените општини во државата, напредок од пет места на националната ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомнежи за голема даночна измама во Македонија: Државниот буџет оштетен за 23 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.