среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

by Redakcija
21.10.2026
in Македонија
На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, Делегација на пратениците од Собранието беше во посета на Израел во периодот од 11 до 16 октомври 2026 година.

Делегацијата ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на Групата за соработка, а во нејзиниот состав се и пратениците: Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Зоранчо Јованчев, Илир Хасани, Јован Јаулески, Катерина Димитровска, Малиша Станковиќ, Мартин Стојановски, Моника Зајкова, Петар Марков, Славјанка Петровска и Тони Јаревски.

Програмата започна со средба на Делегацијата со претставници во Кнесетот. На средбата се истакна континуираната билатерална соработка помеѓу двете држави. Дополнително се разговараше за понатамошен развој на соработката во делот на трговската размена и продлабочување на соработката во стратешки сектори за двете држави, особено во областа на здравството, земјоделството, безбедноста, претприемништвото, културната размена и туризмот.

Делегацијата го посети и Врховниот суд на Израел каде поблиску се запозна со работата на Судот.

Делегацијата ја продолжи својата посета во Клиничката болница „Хадаса“ и „Хадасит“ – Иновацискиот центар за медицина каде се запознаа со работата на медицинскиот центар и посебниот модел кој овозможува развој и иновација во медицински помагала и техники.

Во Светскиот центар за сеќавање на холокаустот, Јад Вашем, Делегацијата учествуваше во церемонијата на полагање на венец, со што се оддаде почит на жртвите од холокаустот. Исто така, Делегацијата положи венец на гробовите на Теодор Херцл, Јицак Рабин и Шимон Перес.

Делегацијата оствари состанок со Теофилос, патријарх на грчката православна патријаршија во Ерусалим. На средбата пратеникот Петар Марков се заблагодари за приемот, додека патријархот ја истакна важноста на религијата во разрешување на етничките конфликти.

Во Тел Авив, Делегацијата го посети Центарот „Перес“ за мир и иновации каде се запозна со нивната работа во делот на технолошките иновации во различни области. Во Медицински центар „Волфсон“ Холон, Делегацијата се запозна со работата на одделот за трауматологија и нивната методологија за менаџирање на пациенти.

Како дел од посетата Делегацијата имаше можност да се запознае со работата на Израелска управа за противпожарна заштита и спасување и постројка на „Мекорот“ за третман на вода и десалинизација. Делегацијата посетата ја заврши со посета на Институтот за студии за национална безбедност.

..

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

20.10.2026
Мицкоски најави намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага на македонски

20.10.2026
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар

20.10.2026

Откуп на земјиштето под зградите: Предлогот влезе во собраниска процедура

20.10.2026

Мицкоски: Од денес достапни за граѓаните, реализација на набавката на нови амбулантни возила

20.10.2026

Николоски: „4iG“ ќе ја донесе сателитската мрежа на Илон Маск во Македонија

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски: Со Мерц разговаравме за европските перспективи на Западен Балкан

5 месеци ago

Мицкоски: Следната година очекуваме почеток на активностите за новиот Клинички центар во Скопје

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со љубов кон македонскиот јазик: Заедничко учење и дружење во Австралија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Сејф сити“ пристигнува во источна Македонија: Се поставуваат камери за регистрирање сообраќајни прекршоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бик, Лав и Јарец: Денес парите доаѓаат со интересно прашање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анкета во Бугарија: Јотова–Влчев водат со 47,3%, излезноста останува клучна за претседателската трка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.