Деветнаесетгодишен вработен во казино на подрачјето на Гази Баба пријавил дека на работното место добил закани и дека едно лице се обидело да го нападне со остар предмет.
Според полицискиот билтен, Л.Д. (19) од Стајковци го пријавил случајот во СВР Скопје околу 00:15 часот. Тој навел дека инцидентот се случил на 22 октомври, околу 22:45 часот, кога С.С. му упатил закани и се обидел да го нападне.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

…











