петок, октомври 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

by Redakcija
30.10.2026
in Македонија, Топ Вести

Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната година со два лета неделно. Ова го најави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, по денешната билатерална средба со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

 

Николоски посочи дека станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

 

-Денеска заедно со потпретседателот на Владата на Црна Гора договоривме и веќе станува реалност директна авионска линија од Тиват до Скопје. Истата ќе оперира два пати неделно, ќе стартува од 1 мај и се надевам дека сериозно ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници и размената помеѓу двете држави, туку и за развојот на туризмот и бизнисот, истакна Николоски.  Дополнителнопланираме во текот на следната година да организираме еден бизнис форум, кадешто ќе можат да се запознаат компаниите од двете држави и заеднички да зборуваат за нови можности, во делот на стопаска соработкa”-истакна Николоски.

 

Тој нагласи дека со црногорската влада се преговара и за воведување на линија Скопје -Подгорица и Тиват-Охрид. Како значајна тема на денешните разговори беше посочено и инфраструктурното поврзување, особено можностите што ги отвора изградбата на автопатот Скопје – Блаце за регионалната транспортна и економска комуникација.

 

“ Македонија на крајот на август месец почна да го гради автопатот Скопје-Блаце, којшто значи директно поврзување со Црна Гора, и значи отварање на Македонија кон трето пристаниште, тоа е пристаништето во Бар. Имајќи предвид дека имаме добро поврзување со пристаништето во Солун, градиме поврзување со пристаништето во Драч, со изградбата на овој автопат ќе имаме добро поврзување и со пристаништето во Бар, и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која не излегува на море, да имаме излез на најмалку 3 пристаништа, рече вицепремиерот Александар Николоски.

 

На билатералната средба бeше потврдена и одличната политичка соработка меѓу двете држави, потенцириајќи ја можноста за унапредување на односите во сите области. Вицепремиерот Николоски упати честитки за реформските процеси што ги спроведува Црна Гора и за постигнатиот напредок на нејзиниот европски пат, истакнувајќи дека членството на Црна Гора во Унијата би претставувало значаен поттик не само за земјата, туку и за целиот регион и процесот на проширување на Европската Унија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО – Проданоски: Нови улици, водоводи и спортска сала – инвестираме во развојот на Прилеп

30.10.2026

Коњановски: 180 проекти ја одбележаа првата година од мандатот, инвестираме во инфраструктура, училишта и градинки

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

30.10.2026

Повеќе пари за студентски оброк, попусти и дигитално плаќање: Што се менува со владиниот предлог

29.10.2026

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

29.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Грција размислува за крај на анонимните профили на интернет

Грција размислува за крај на анонимните профили на интернет

6 месеци ago
Кинески спортски бренд кој им се заканува на гигантите Nike и Adidas

Кинески спортски бренд кој им се заканува на гигантите Nike и Adidas

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – Проданоски: Нови улици, водоводи и спортска сала – инвестираме во развојот на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: 180 проекти ја одбележаа првата година од мандатот, инвестираме во инфраструктура, училишта и градинки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп бараше да запрат нападите, но нов пожар ја погоди руската нафтена индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.