четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски за „Алта банка“: Штедачите ќе бидат обесштетени до последниот денар – Можни се 2 сценарија за надминување на состојбата

by Redakcija
05.11.2026
in Македонија, Топ Вести

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика штедачите и доверителите на Алта банка да не подлегнуваат на, како што рече, шпекулациите и обидите за создавање паника, уверувајќи дека државата го следи случајот и дека граѓаните ќе бидат обештетени доколку банката замине во стечај.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски ја обвини опозицијата дека намерно создава страв кај граѓаните и дека случајот со Алта банка го користи за политички цели. Тој направи споредба со претходните реакции на опозицијата во врска со заемот од Унгарија, стратешкиот договор со Обединетото Кралство и други политички прашања.

Мицкоски нагласи дека проблемите со Алта банка настанале во соседна Србија и дека, според него, станува збор за увезен проблем, а не за случај сличен на пропаѓањето на Еуростандард банка.

Сепак, посочи дека последиците од случувањата во Србија може да се почувствуваат и во македонската економија. Според неговите податоци, трговската размена меѓу Македонија и Србија во 2025 година изнесувала околу 1,2 милијарди евра. Тој рече дека неколку македонски компании веќе го известиле дека нивните деловни партнери во Србија се соочуваат со финансиски проблеми поради блокираните средства во Алта банка.

Премиерот предупреди дека, доколку состојбата не се стабилизира наскоро, може да дојде до затворање компании и губење работни места во двете земји. Како дополнителен ризик ја посочи и состојбата во Албанија.

Во однос на преземањето на Стопанска банка Битола од страна на Алта банка Србија, Мицкоски рече дека, според информациите со кои располага, биле исполнети сите законски услови и добиени позитивни мислења од надлежните институции, меѓу кои Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Тој објасни дека акциите биле продадени на јавна аукција од приватни акционери, нагласувајќи дека Владата немала улога во продажбата.

Мицкоски посочи две можни сценарија за иднината на банката: да се најде нов купувач кој ќе ја консолидира или, доколку тоа не успее, банката да замине во стечај и да ја изгуби дозволата за работа.

Во врска со заштитата на штедачите, премиерот рече дека, според проверките на Владата, од 95 до 96 отсто од штедачите имаат депозити до 30.000 евра, кои се целосно загарантирани. Тој додаде дека и останатите доверители треба да бидат спокојни, бидејќи, според неговите тврдења, активата на банката е два до три пати поголема од нејзините обврски.

Мицкоски порача дека државата го следи процесот и дека, дури и во случај на стечај, штедачите и доверителите ќе бидат обештетени до последниот цент.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Тоневски: Пробиштип ја гради иднината со младите, усвоен Акциски план за 2027/2028 година

05.11.2026

Почна исплатата на социјалната помош и детскиот додаток

05.11.2026

Мицкоски: Европската комисија потврди – нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

05.11.2026

МВР и ДЕА помогнале во заплена на над 300 килограми кокаин во Германија

05.11.2026

Проданоски: Прилеп е домаќин на меѓународна конференција за здравствени и социјални услуги

05.11.2026

Коњановски: Навремената реакција на терен е приоритет за зимската служба во Битола

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Провокативни пораки од Лерин: Панмакедонските организации на светски собир  со пораки дека „Македонија е една и е грчка“

Провокативни пораки од Лерин: Панмакедонските организации на светски собир  со пораки дека „Македонија е една и е грчка“

3 месеци ago

Тензичен протест во Тирана: 17 уапсени, 35 под истрага

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Тоневски: Пробиштип ја гради иднината со младите, усвоен Акциски план за 2027/2028 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за „Алта банка“: Штедачите ќе бидат обесштетени до последниот денар – Можни се 2 сценарија за надминување на состојбата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропадна договорот меѓу Трамп и Путин?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна исплатата на социјалната помош и детскиот додаток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе скопски населби: Првите исклучувања почнуваат во 04:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.