сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

by Redakcija
07.11.2026
in Македонија

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание обедини 40 учесници од Македонија, САД, Азербејџан, Турција, Египет, Јапонија, Непал и Авганистан, кои преку менторство, предавања, работилници и групни проекти ги развиваа своите лидерски вештини и работеа на практични решенија за современите предизвици.

Програмата се одвиваше во три поврзани фази. Менторската програма, реализирана втора година по ред, започна во средината на септември и вклучи 13 алумни ментори. Преку индивидуална поддршка, учесниците работеа на препознавање на своите потенцијали и определување лични и професионални цели. Како втора фаза следуваа онлајн сесиите од 26 до 29 октомври, а третата фаза ја опфати интензивната целодневна програма во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, од 31 октомври до 6 ноември.

Во средиштето на годинашната Школа беа одговорното лидерство, меѓународната соработка и претворањето на идеите во остварливи решенија. Дискусиите ги поврзаа глобалните политички и општествени промени со технолошкиот развој, етиката, когнитивната сувереност и самостојното расудување.

Покрај поранешниот Претседател на Република Македонија и основач на Школата за млади лидери, д-р Ѓорге Иванов, во програмата учествуваа околу 30 предавачи и говорници од земјата и од странство**, меѓу кои Берти Ахерн**, поранешен премиер на Ирска; проф. д-р Џефри Сакс, директор на Центарот за одржлив развој при Универзитетот Колумбија и претседател на Мрежата на ОН за решенија за одржлив развој; Рик Хатавеј, коосновач и извршен директор на Global Learning Lab International; Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација; Рза Алиев, генерален секретар на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“; Рашела Мизрахи, пратеничка во Собранието на Република Македонија; и Зоран Јолевски, поранешен министер за одбрана и поранешен амбасадор во САД.

Свои искуства и знаења споделија и Кордел Картер, основач и извршен директор на Project on Belonging; Колин Снајдер, професор по историја на Универзитетот на Тексас во Тајлер; Мајк Коб, стратег за иновации и организациска извонредност во Mission & Data; Иван Иванов, претседател на Извршниот одбор на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите; Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group;; Стојче Стаменковски, специјален советник за комуникации во Кабинетот на министерот за надворешни работи и надворешна трговија; Емануел Штадлер, коосновач и извршен директор на Optimentum; и Војдан Карапетковски, извршен директор на Kara5.

Во програмата беа вклучени и Филип Нелковски, стипендист на Центарот за демократија, развој и владеење на правото при Универзитетот Стенфорд; Јакуб Поплухар, раководител на обуки во Hill Digital, обучувач и консултант за вештачка интелигенција; Сања Митровска, основачка и извршна директорка на Networker и креаторка на The Founder Games™️; Ана Секуловска, програмска директорка на Startup Club Skopje; Ранко Безар, консултант за менаџмент во МОТИВА; Анастасија Илиевска, претседателка на ИСЛАА и специјалистка за јавен настап и говор на телото; и Ивана Хаџииванова, психолог и психотерапевт, основачка на центарот НЕОКОРТЕКС.

Во сесијата „ИСЛАА разговор“ учествуваа алумнистите Весна Трајковска, специјалистка за маркетинг и односи со јавноста во Халк Осигурување; Данче Азманова Мирчевска, основачка на Working Mom и тренерка за продуктивност; Дарко Илиов, основач на LD Aktiv Tim; Дејан Милошевски, менаџер за финансиска и деловна администрација на Универзитетот на Јужна Флорида; Стефани Неделкова Кузманоска, маркетинг-менаџерка во Едукативниот центар М6; и Теодора Богданоска како модератор.

Практичната работа опфати развој и презентација на групни проекти со примена на вештачката интелигенција, вежби за одлучување, претприемништво, соработка и градење професионални мрежи. Работилниците за јавно говорење и невербална комуникација, како и ораторската вечер, им овозможија на учесниците да ја зајакнат сигурноста во настапот и јасно да ги претстават своите идеи. Панел-дискусијата за 250 години од американскиот експеримент отвори разговор за лидерството, демократијата и општествените промени, додека вечерните сесии „Night Owl“ создадоа простор за понатамошна размена на мислења.

Во рамките на програмата беа засадени дрвца во просторот на хотелот „Инекс Олгица“, а преку организирана посета на Охрид учесниците се запознаа со културното и природното наследство на градот. Неформалната програма и заедничките дружења придонесоа за поблиско поврзување, меѓукултурна размена и градење пријателства меѓу учесниците. Во завршната сесија тие ги споделија своите впечатоци и согледувања, а програмата беше заокружена со завршна свеченост и прослава.

Школата ја организираа Кабинетот на поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов, ИСЛАА.

Организаторите упатуваат благодарност до предавачите, менторите, организацискиот тим и поддржувачите: ТИКА, хотелот „Инекс Олгица“, ТАВ, ЕВН, Микросам, Алкалоид, Витаминка, Delfino Mobility Group, Petrol Oil Company, Еко Флуид, Халкбанк, Скопска пивара, Езимит, Turkish Airlines, Костал, Обединетата македонска дијаспора и МОТИВА.

Во 2027 година следува осумнаесеттото издание на Школата, со нови перспективи, партнерства и можности за развој на млади лидери што градат доверба, соработуваат и придонесуваат кон своите заедници.

Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов, започната во 2010 година. Во досегашните 17 изданија, програмата ја завршија 665 млади од Македонија и од над 40 други земји, а своето знаење и искуство го споделија околу 470 истакнати предавачи и говорници од земјата и од светот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Кој може да добие 18.000 денари месечно?

07.11.2026

Коњановски: Иницијатива за „Бизнис клуб Битола“ и поголема поддршка од компаниите за локалната заедница

06.11.2026

Славески: Неделниот лимит за подигање готовина од АЛТА банка АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари

06.11.2026

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Викендов температури на места ќе паднат под нулата

06.11.2026

Израелски и македонски хирурзи извршија 16 операции за повредените во трагедијата во Кочани

05.11.2026

Мицкоски за „Алта банка“: Штедачите ќе бидат обесштетени до последниот денар – Можни се 2 сценарија за надминување на состојбата

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонско друштво “Илинден“-Тирана: Одземањето на правото на глас на Македонците надвор од Македонија е неприфатливо

4 месеци ago

Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции

5 дена ago

Популарни Вести

  • Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Плаќате викендов? Банките најавуваат можни прекини пред новите правила од понеделник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија планира казни до 160 евра за пребавно возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шведска се враќа на книгите и тетратките: Помалку таблети, повеќе пишување со рака

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.