„Хјундаи Јоник 5“ е прогласен за најдобар половен автомобил за 2026 година во изборот на британското списание „Auto Express“. Тоа е првиот електричен модел што ја освоил главната награда на списанието, а годинава победил и во категоријата за најдобар половен електричен автомобил.
Жирито ги издвоило пространата кабина, препознатливиот дизајн, удобноста во возењето и брзото полнење. Според „Auto Express“, најраните примероци на британскиот пазар се продаваат за околу 13.000 фунти, односно приближно 15.000 евра. Дел од половните примероци сè уште се покриени со петгодишната гаранција на производителот.
Според „Хјундаи“, на брза станица со моќност од 350 kW, батеријата може да се наполни од 10 до 80 отсто за околу 18 минути под соодветни услови. Времето на полнење во пракса зависи од изведбата и од условите на полнење.
Во генералниот избор, второто место му припадна на „Рено Клио“, а третото на „Волво XC90“. „Полстар 2“ заврши четврти, а „Дачија Џогер“ петта. „Јоник 5“ веќе ја имаше освоено наградата за автомобил на годината на истото списание во 2021 година, кога моделот беше нов.
…












