При редовна проверка на пакет во затворот „Идризово“ биле пронајдени 171 таблета. Пакетот бил наменет за 40-годишниот осуденик Г.С., а го оставила неговата мајка, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 7 ноември во 15:55 часот. Од МВР не соопштија за какви таблети станува збор, ниту дали било дозволено да се внесат во затворот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
…












