Триесет и едногодишен жител на Тетово се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „29 Ноември“, откако во него удрил автомобил управуван од 69-годишен возач.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 11 ноември, околу 17:50 часот, кога патничко моторно возило „фиат пунто“, управувано од З.У. (69) од Тетово, удрило во пешакот П.З. (31), исто така од Тетово.
Од ударот пешакот се здобил со сериозни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.
Лекарите во здравствената установа му констатирале тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово.
Засега не се соопштени дополнителни информации за околностите под кои се случила несреќата.
…












