Connect with us

Инфо +

Љуботен во 21 век нема чиста вода – деца со шишиња од 5 литри носат вода за пиење

Published

on

Село Љуботен, општина Бутел е оддалечено 15 километри од главниот град. Сепак, нема чиста вода за пиење. Граѓаните одат на сред село да полнат вода. По пет литри вода на рамења носат овие две деца, кои имаат осум и десет години. По часовите од училиште секој ден доаѓаат до оваа чешма, затоа што водата од бунарите не е безбедна за пиење.

„Во недостиг на вода за пиење во домовите жителите на село Љуботен доаѓаат на оваа чешма да полнат вода за пиење“, вели репортерката на ТВ21.

Осман Ибрахими со семејството секојдневно полни по 50 литри за домашна употреба.

„Доаѓаме тука да полниме вода затоа што водата не е чиста во домовите. Тука е чиста и доаѓаме да полниме. Околу 50 литри вода трошиме на ден. Водата ја употребуваме за јадење, чај и са сите потреби. Освен за за туширање ја користиме водата од водовод иако не е чиста“, посочи Осман Ибрахими.

Според Институтот за јавно здравје во земјава 3% од градовите и 23% од руралните средини немаат пристап до чиста вода – се вели во статијата на ТВ21.

Македонија

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Published

on

Почитувани и исто толку драги,
Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар.
Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи.
Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница.
Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци.
Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите.
Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас.
Ви благодарам од се срце!
Секогаш ваш!
Арбен

Continue Reading

Македонија

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Published

on

Од почетокт на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, подршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  

Тој истакна дека од владината подршка од 100 милиони евра,  голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.

“Најголем дел од општниите кои што добија средства од Владата и тоа најголем дел преку министерството за транспорт веќе ги распишаа јавните набавки и тие се активни во овој момент. Очекуваме на почетокот на декември да имаат избрано изведувачи и доколку не послужи времето да почнат и во декември да работат.

Гледате дека воведуваме иновативни методи за работа, на пример на автопатот Охрид – Кичево ќе се работи цела зима преку таканаречено зимско асфалтирање. Така што со слични иновативни методи очекувам и општините во текот на зимата да работат и да се гледаат брзо резултатите, а веќе од јануари да се подготват за еден голем пакет од 250 милиони евра за проекти” истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Continue Reading

Македонија

Општина Теарце бара работник: Плата 27.154 денари

Published

on

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –  275/2024

за вработување на 

 јавен службеник од група I, подгрупа II во Општинско основно училиште „Фаик Коница“ с.Доброште – Теарце за следните работни места

1. ОБН0102Г02008 Благајник II, Виш референт – Благајник, Одделение за финансии и сметководство, Административна служба(1) извршител(и)

Огласот може да го најдете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк