Connect with us

Инфо +

Oтштета ако се повредите при паѓање на снег или мраз на неисчистени улици или тротоари?

Published

on

Снегот кој е присутен деновиве во Македонија не ги изненади локалните власти. Дел од улиците, тротоарите, главните патишта се расчистени, дел се затрупани со снег и мраз. 

Скршеници на колкови, рачни и зглобови на нозете се регистрираат после секое веење на снег како последица на замрзнати неисчистени тротоари, патеки и улички. 

Неисполнувањето на законските обврски и должности од општините за расчистувањето на снегот претставува нарушување на правата на граѓаните, особено во поглед на правата кои произлегуваат од уставно загарантираните права за животната средина и опкружувањето. 

Настраданите граѓани од нерасчистените снег и мраз може да поднесат тужба против локалните власти и локалното комунално претпријатие од општината во која живеат, бидејќи според Законот за јавна чистота, таа одговорност им припаѓа ним. Ако тужителот го добие спорот против тужениот субјект од локалната самоуправа, потоа оди во граѓанска парница, т.е. покренува спор пред надлежниот граѓански суд, за надомест на штета.

Општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи. Во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите“, се вели во Законот за јавна чистота.

Глоба од 1.000 евра следи за правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред објектот, а од 4.000 евра за правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови. Исто така, глоба во висина од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице следи и за одговорното лице во правното лице.

Цел текст на skopjeinfo.mk

Македонија

Викендов постудено време со врнежи од дожд и снег

Published

on

Времето во земјава утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.

Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на околните планини од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во деновите од викендот ќе има повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини.

Continue Reading

Македонија

Засилени инспекции на Пазарниот инспекторат по повод „Black Friday“ и непочитувањето на Законот за заштита од пушење

Published

on

Апелираат до сите трговци и угостители, да ги почитуваат законите, а своите дејности и услуги да ги вршат во согласност со законските прописи.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства. 

Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита од пушење.

-Исто така, ги охрабруваме граѓаните, секоја неправилност која ќе ја забележат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk, стои во објавата од Државниот пазарен инспекторат.

Continue Reading

Свет

Генерален штрајк во Италија поради владиниот буџет

Published

on

Генералниот штрајк во Италија доведе до откажување на летови, прекин на јавниот превоз, затворање на некои училишта и ограничувања на здравствените услуги во петокот во знак на протест против буџетските планови на владата.

Најголемиот синдикат CGIL се противи на намалување на социјалните бенефиции, јавните услуги и инвестициите, а синдикатот UIL бара инвестиции во безбедноста на работниците по серијата несреќи на работното место.

Штрајкот е предизвик за десничарската влада на премиерот Џорџа Мелони, која се обидува да ги намали владините трошоци за да се усогласи со европските правила.

И покрај затегнатите јавни финансии, владата минатиот месец усвои државен буџет кој вклучува намалување на даноците за 24 милијарди евра и повисоки трошоци, понизок данок на доход и намалувања на социјалните бенефиции за работниците со средно и послабо платени.

Иако штрајкот требаше да трае цел ден, министерот за транспорт Матео Салвини минатата седмица одлучи дека прекинот во сообраќајот може да трае најмногу четири часа за да се олеснат прекините.

Останатите работници би можеле да ја напуштат работата целото работно време, а вработените во железничкиот патнички и товарен превоз воопшто не учествуваат во штрајкот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк