Во италијанскиот град Неапол, идентификуван е првиот случај на нова варијанта на корона вирусотот, наречен Б.1.525, за кој се верува дека потекнува од Нигерија, пишува денеска „Кориере дела сера“. Досега, овој сој беше пронајден во Велика Британија, Данска и САД, но сега, за прв пат, анализите потврдуваат дека е увезен и во Италија.
„Застапеноста на британскиот сој расте и сега присутноста е некаде околу 20 отсто, иако нема некој драстичен скок или голем кластер во градовите. Сепак, сè уште најмногу е застапен во Прилеп и Охрид. Апелираме за почитување на мерките и тоа е од големо значење за зачувување на колективното здравје“, одговорија од Министерството за здравство на прашањето за присутноста на мутираните соеви.
Британија забрани пристигнување од сите земји на Јужна Америка, но и од Португалија, поради новиот сој на ковид-19, кој за прв пат е идентификуван во Бразил. Забраната стапува на сила утре во 16 часот.
Бразилскиот сој, како британскиот и јужноафриканскиот , веројатно е многу позаразен од оригиналната варијанта. И тоа беше формирано по мутација на протеинот spike (на израстокот). Овој протеин е еден вид клуч што го користи вирусот за да ги отклучи вратите на клетките во нашето тело и да ги нападне. Затоа, овие варијанти се поуспешни во ширењето, бидејќи полесно продираат во клетките.
Според Националниот институт за јавно здравје, новиот сој, кој има заеднички карактеристики на британскиот и јужноафриканскиот, е идентификуван во Норвешка во средата. За последните 24 часа во земјата се регистрирани 10 случаи на инфекција со вирусот Б.1.525.
По Норвешка и Финска пријави нова варијанта на коронавирусот. Сој кој е откриен во последните неколку месеци.
Новиод вид наречен „Fin-796H“ е идентификуван во југот на Финска, откри заедничка студија на лабораториите Вита и Институтот за биохемија на Универзитетот во Хелсинки.
Речиси 1.500 мутации на коронавирусот се откриени во Русија, изјави Ана Попова, директорка на руската Федерална служба за фитосанитарен надзор и контрола (Роспотребнадзор), на маргините на научната конференција на Форумот Гаидар.
„Тоа е важен аспект на оваа пандемија и ние континуирано работиме на тоа. Досега пронајдовме речиси 1.500 мутации“, потенцира Попова, пренесува ТАСС.