Connect with us

Инфо +

„Се жалат дека немаат пари, а кафулињата се постојано преполни“- 15 чудни работи кои ги прават Македонците

Published

on

Откако живеам во Македонија повеќе од една и пол година и имам македонски пријатели повеќе од 5 години, можам да кажам дека има неколку работи во врска со нив кои ми се чудни.

 Всушност сега веќе и се навикнав и воопшто не ме изненадуваат.

Сепак ова е листата на 15 најчудни работи за кои ми требаше доста време да ги сфатам:

1. Македонците користат ракија за сè! На прво место за пиење, но имате проблеми со затнат нос? Помирисајте ракија! Ве каснал комарец? Ставете ракија на местото. Прозорците на автомобилот ви се нечисти? Земете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија на неа.

2. Македонците секогаш ќе ве прашаат колку пари чини нешто. Имаш нов часовник? За колку пари го купи? Нов автомобил? Колку пари чинеше? Изгледа ова е многу важно прашање овде.

3. Сè се врти околу храната. Главното прашање на денот: што има за ручек и вечера? Исто така тие сакаат да зборуваат со часови за храна.

4. Заради некоја причина совршено нормално е да имате теписи насекаде, и тоа во сите големини и форми. Дури и подот во кујната често е прекриен со тепих.

5. Сите имаат прекар, кој воопшто не ни наликува на нивното име. Но повторно, повеќето Македонци не се многу креативни во поглед на имињата. Најчести имиња тука се Александар и Ана. Така што, да, мора да има прекар за да не го викнете случајно погрешниот Александар…

6. Секогаш се жалат дека немаат пари, а сепак кафулињата се постојано преполни.

7. „Промаја“ е всушност провев во куќата и според постарите генерации нешто кое сигурно ќе ве разболи и е многу лошо, па затоа чувајте ги вратите и прозорците затворени!  

8. Не разбираат кога ќе им кажете: не можам повеќе. Особено бабите во оваа земја ќе ве натераат да се прејадете и во никој случај нема да прифатат „не“ за одговор.

9. Целосно се трансформираат кога ќе влезат во автомобил. Македонците во глобала се многу љубезни луѓе, но штом влезат во автомобил како да добиваат самоубиствени нагони. И мојата реакција не е претерана по ова прашање.

10. Тротоарите се користат за паркирање наместо за движење. И никогаш не возете по десната лента, бидејќи таа е наменета за автобуси и автомобили кои едноставно застануваат овде-онде. Или почнете да возите во рикверц на булевар – да и тоа е можно во Македонија.

11. Не послужувајте торта на почетокот од роденденската забава. Овде тортата се служи на крајот од роденденската забава и откако гостите ќе ја изедат тортата си одат дома. Во Холандија работите се прават сосема спротивно.

12. Кога Македонците ќе ве поканат во нивниот дом, секогаш однесете нешто, независно дали е благо или солено, дури и кога одите на посета кај пријател. Тоа е како некое непишано правило на благодарност за нивната гостопримливост.

13. Бурек со јогурт се смета за добар појадок.

14. Не бидете изненадени кога ќе видите дека постарите генерации разбираат шпански. Порано многу гледале шпански серии и го научиле јазикот. Сега се чини дека сите гледаат турски серии, кои се многу лошо синхронизирани.

15. Речиси 40% од населението во Македонија ги троши последните пари во спортските обложувалници. А, можете да најдете околу 800 обложувалници… Што е навистина лудо, бидејќи во Македонија живеат само 2 милиони луѓе!

Авторката на текстот е Холанѓанка која пред 4 година се доселува во Македонија заради својата љубов – пренесува Скопје инфо.

Европа

ГЕРМАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА, РАСТAТ ТЕНЗИИТЕ СО РУСИЈА! Се креира список на бункери за итни случаи, до нив се доаѓа со еден клик на апликација

Published

on

Земјата со 84 милиони жители има 579 бункери, главно од времето на Втората светска војна и Студената војна, кои можат да засолнат 480.000 луѓе, што е помалку од околу 2.000 претходно.

Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивилите, соопшти Министерството за внатрешни работи, поради зголемените тензии со Русија, пренесува Гардијан.

– Списокот ќе вклучува подземни железнички станици и паркинзи, како и владини згради и приватен имот – рече портпаролот на Министерството.

– Ќе се состави дигитален именик со бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат користејќи планирана апликација за телефон. Луѓето, исто така, ќе бидат охрабрени да создадат засолништа во своите домови со пренамена на подруми и гаражи – рече портпаролот на брифинг со новинарите.

Тој одби да даде распоред, велејќи дека тоа е голем проект за кој ќе биде потребно време, вклучувајќи ја Канцеларијата за цивилна заштита и помош при катастрофи и други агенции.

Земјата со 84 милиони жители има 579 бункери, главно од времето на Втората светска војна и Студената војна, кои можат да засолнат 480.000 луѓе, што е помалку од околу 2.000 претходно.

Портпаролот рече дека клучните точки од планот биле договорени на конференција на високи функционери во јуни и дека посебна група се занимава со ова прашање.

Од целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година, расте загриженоста за потенцијалот на Москва да ги таргетира другите членки на НАТО. Во октомври, шефовите на германското разузнавање предупредија дека Русија најверојатно ќе биде способна да изврши воен напад врз Алијансата до 2030 година.

Германските власти велат дека земјата веќе доживува нагло зголемување на руската шпионажа и саботажа. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека конфликтот во Украина има карактеристики на „глобална“ војна и дека не исклучува удари врз западните земји.

Continue Reading

Македонија

Полицијата морала да интервенира: Маж од Тетово ја истепал сопругата

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.З.(36) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство и „загрозување на сигурноста“.

На 20.11.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

Continue Reading

Инфо +

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Published

on

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен.

Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова. Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев – „АСНОМ и македонскиот јазик“, и проф. д-р Емилија Црвенковска – „Значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и за просветата“.

На настанот ќе биде отворена и изложба „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, претставена од д-р Јасмина Дамјановска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк