Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.
Колумбиски музички бенд приреди изненадување на својата публика изведувајќи ја македонската народна песна „Јовано, Јованке“ на македонски јазик. Со својот уникатен стил и емотивна интерпретација, успеаја да ја доближат македонската традиционална музика до поширока публика и да го истакнат нејзиниот универзален карактер.
Познстата фитнес инструкторка Ана Стојанова, информира дека деновиве е цел на напад, пред се како жена. Имено неименувано лице успеало преку фотошоп да создаде “нејзина гола фотографија”, па сега истата таа лажна готографија се шири на социјалните мрежи и стигна до Стојанова.
“Деновиве добивам пораки дека “се врти” гола фотографија од мене која што е направена со фотошоп и тоа многу лош. Направен е скриншот од видео кое што беше објавено кај мене на стори и истото е злоупотребено. Јас нема да го коментирам оној кој што се дрзнал на ова и сосема ми е разбирливо затоа што сум јавна личност и не можам да се заштитам до крај. Објавувам јавно за да ја известам Армијата да ја знае вистината- бидејќи само за неа и се грижам”, објави Стојанова на социјалните мрежи