Connect with us

Приказни

Не дoзволувај никој да те гази и не трпи понижувања, бори се за себе!

Published

on

Да не дозволиш никој да те гази, да не дозволиш никој да ја гази таа до тебе. Да не трпиш работи кои те понижуваат, да ја охрабриш таа до тебе да не ги трпи и да се бори за себе. За себе, за таа до неа, за исти плати, за ист третман, за исти услови, за ист однос, за иста почит. За иста работа, ист труд нека се исти пари! Да не дозволиш да ти кажува некој како ќе живееш, со кого, од кога до кога, дека имаш обврски како жена да вршиш домашни работи или да раѓаш едно или осум или ич, тоа е твој избор. Твој избор е да живееш како сакаш и да работиш што сакаш, а наша обврска е да се бориме да бидеме прифатени како еднакви во средините каде што не сме. Како жени. Да се бориме против шовинистичките структури во политичките редови кои се силат на жени со дисциплински мерки само затоа што им се може, да се бориме против копита што тепаат жена во влез затоа што кажала дека е трудна, да се бориме против дркаџии што споделуваат слики од девојки кои им ги пратиле во доверба за да се пофалат дека имаат видено цицка, да се бориме против шефови кои сексуално вознемируваат колешки, да се бориме против средина каде швалерајот е појак од ејчарот, да се бориме против сите наметнати и наследени девијации на општеството полни шовинизам! И да се заблагодариме на сите што помагаат, сите што не разбираат, сите подадени раце и зборови за поддршка од колеги, партнери, другари. Сите мажи и жени кои застанале позади нас кога сме го дигнале гласот за своето право дали на работа или на улица или во политика. Не е 8 март борба само на жените, борба е на цело општество за да бидат жените еднакви, не понижени, не обесхрабрени!
Среќен празник, борбата за еднакви права продолжува! – пишува Ина Многу Фина на Фејсбук.

Да не дозволиш никој да те гази, да не дозволиш никој да ја гази таа до тебе. Да не трпиш работи кои те понижуваат, да…

Posted by Ina Mnogufina on Sunday, March 7, 2021

Приказни

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Published

on

На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.

Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.

Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.

Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.

Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.

Continue Reading

Приказни

„Крсте Петков Мисирков: Темелник на македонската литературна и национална посебност“

Published

on

На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.

Continue Reading

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк