Connect with us

Инфо +

„Св*њо татарска, во што ќе се заколнеш дека ова што го пишуваш не е лага?“

Published

on

Политичкиот аналитичар и поранашенен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов на својот Фејсбук профил реагираше на објавата на бугарскиот премиер Красимир Каракачанов на која се наведени имиња на македонски политичари кои имаат бугарски пасоши, а меѓу кои се имињата на високи партиски функционери од опозицијата.

„Мочко еден смрден. Сите ли вака ко тебе лажат таму во Бугарија или ова ти е нарачка од твоите коалициони партнери Заев и Шеќеринска тука од Македонија?,

Јас се колнам во крвта моја македонска дека немам никаква друга патна исправа освен македонска!!!

Ти свињо татарска во што ќе се заколниш дека ова што го пишуваш не е лага“, напиша Пандов.

Мочко еден смрден. Сите ли вака ко тебе лажат таму во Бугарија или ова ти е нарачка од твоите коалициони партнери Заев и…

Posted by Александар Пандов on Thursday, March 11, 2021

Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

Published

on

На саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ се пофали со убавите жени во Врање, но македонскиот премиер Христијан Мицкоски одговори дека убави жени има и во Македонија.

На саемот се претставија повеќе од 300 винарии од Македонија. Во Белград се одржа и Македонска вечер. 

Continue Reading

Македонија

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Published

on

Пелистер изгуби дел од најстарата моликова шума. Невремето кое изминатиот викенд го зафати Битолскиот регион уништи преку 150 дрвја, меѓу кои и најстарото стебло, старо и пол векови.

Според НП „Пелистер“ најголема штета е причинета во средишниот дел, каде се наоѓа најстарата шума од молика, а каде се уништени околу 150 стебла на површина од стотина хектари. Според познавачите, освен силниот ветер, причина за ваквата штета е и староста на дрвата.

Македонскиот бор, како што му е и официјалното име, е исклучително значен ендемичен вид, а тој е и причина што Пелистер во 1948 година е прогласен за национален парк, прв во државата.

Continue Reading

Скопје

(ФОТО) Како изгледаше Скопје во минатото кога празнично се украсуваше?

Published

on

Трговските објекти традиционално во пресрет на последниот месец од годината почнуваат со новогодишно и божиќно украсување. 

И скопската општина Центар веќе почна со празнично украсување, додека за центарот на главниот град, за кој надлежен е Град Скопје, граѓаните се скептични дека ќе се украсува пристојно. 

Повеќето жители на Скопје минатата година, за непразничната атмосфера на плоштадот „Македонија“, прстот го вперија кон градоначалничката Данела Арсовска. За годинава, за сега нема информации дали ќе се украсува, но несомнено нема ниту многу надеж кај граѓаните дека тоа ќе се стори. 

Центарот на Скопје секогаш за празниците бил средиште на бројни настани и се издвојувал по украсувањето. 

Во фејсбук групата „Стари скопјани“ се објавени фотографии од минатото кога центарот на Скопје бил новогодишно украсен.

Еве како изгледал тогаш:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк