Connect with us

Инфо +

Сите патишта на истрагата водат до Дијана Хркаловиќ, моќна жена од полицијата поврзана со кланот Беливук

Published

on

Полицијата има цврсти докази дека Дијана Хркаловиќ и Славиша Кокеза активно соработувале со кланот Веjко Беливук и дека дури може да се третираат како „истакнати членови на кланот“, а Хркаловиќ дури како една од шефовите на мафијата, тврдат инспекторите во повеќемесечната истрага.

Сите собрани докази се предадени на српското Обвинителството за организиран криминал, а сега, според полицијата, прашање на време е кога ќе бидат издадени налози за апсење за поранешниот секретар на МВР Дијана Хркаловиќ и претседателот на ФСС Славиша Кокеза!

Како што дознава српски Информер, доказите се добиени со помош на неколку сведоци од непосредна близина на Хркаловиќ и Кокеза.

  • Што се однесува до Дајана, таа активно работела заедно со кланот на Беливук, обезбедувајќи им поддршка и информации од полицијата. Со помош на неколку нејзини луѓе од полицијата, Хркаловиќ буквално приватизирала дел од службите и ги ставила на располагање на Беливук и на црногорскиот „клан Кавач“ – објаснува изворот и додава дека овие отпадници дел од службите во полицијата, предводени од Хркаловиќ, станале толку силни што тие во одреден момент замислиле дека ќе ја преземат целата влада во земјата:
  • За време на истрагата за злосторствата на кланот Веjко Беливук, но и прислушувањето на претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство, инспекторите сфатиле дека сите патишта водат кон Дијана Хркаловиќ. Се покажало дека бројни потерници за криминални активности потекнувале од неа. Освен што е обвинета за бројни материјални докази, сè е поткрепено со сведочењата на неколку нејзини најблиски соработници во Министерството за внатрешни работи. Тие сфатија дека кланот на Дајана во полицијата е расипан и дека им се заканува долгогодишна затворска казна, па решиле да кажат сè што знаат, надевајќи се дека барем ќе добијат помала казна.
  • Освен за соработка со кланот на Веља Невоља, Кокеза е осомничен и за шверц на милиони цигари, тутун, брендирана облека и луксузни автомобили. Се сомнева дека заработил десетици милиони евра на овие работни места во изминатите четири години, во соработка со некои други државни службеници. Истрагата за овие кривични случаи е на самиот крај, а во сè многу помогнаа најблиските соработници на Кокеза, кои детално опишале некои од неговите сомнителни случаи – изјавил изворот.

И Хркаловиќ и Кокеза избегнале од полиграфско испитување. Дајана дошла на рочиштето опиена со средства за смирување, додека Кокеза го одбил полиграфот, тврдејќи дека тој бил лично советуван од претседателот на Високиот суд во Белград, Александар Степановиќ!

За време на истрагата против кланот Вељко Беливук, полицијата испрашала повеќе од 50 лица, вклучително и полициски службеници. Ова исто така доведе до апсење на неколкумина најблиски соработници на Дијана Хркаловиќ.

Меѓу нив е и поранешниот заменик-шеф на СБПОК, Горан Папиќ, кој во април минатата година апелираше блиндираното „ауди А8“, кое претходно беше одземено од полицијата, да му биде вратено на Марко Миjковиќ Месар, најблискиот соработник на Вељко Беливук. Папиќ беше во центарот на вниманието на јавноста и заради сликата на која тој е во „Ферари“ вреден 400.000 евра, а му припаѓа на шефот на наркотиците, извесен Бајрами.

Исто така, на 12 февруари беше уапсен Илија Милачиќ, поранешен началник на белградската криминалистичка полиција и близок соработник на Дијана Хркаловиќ, бидејќи тој му откри службени тајни на кланот на Веjко Беливук. Милачиќ повеќе или помалку ја призна својата вина и постигна договор со обвинителството, па беше осуден на седум месеци домашен притвор, со петгодишна забрана за работа во Министерството за внатрешни работи. Се претпоставува дека Милачиќ добил толку мала казна затоа што постигнал договор со властите, па најверојатно ќе биде еден од сведоците што соработуваат.

Веjко Беливук, Марко Миjковиќ и 20 нивни соработници беа уапсени на 4 февруари и оттогаш се во притвор. Тие се обвинети дека, како членови на навивачката група на Партизан „Принципи“, работеле директно за кланот. Со помош на еден дел од Министерството за внатрешни работи и неколку други државни функционери, бандата на Веља убивала, рекетирала, киднапирала луѓе, продавала дрога и извршила други тешки злосторства.

Македонија

Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин за да остават место за други пациенти

Published

on

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски изјави дека се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти.

Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.

-Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало, посочи Андовски.

Тој кажа дека ова претставува доста голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура.

На пример, изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле.

-Тоа се над 23 проценти од луѓето од пациентите без откажување не се појавиле на тој термин, појасни тој.

Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини.

– Само треба да се решиме на кој начин тоа ќе се направи, одговори Андовски на новинарско прашање.

Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период.

-Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме, подвлече тој.

Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

Continue Reading

Македонија

Променливо облачно со повремен снег, стабилизација од недела

Published

on

Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.

Во Скопје претпладен променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Continue Reading

Македонија

Уапсен висок функционер на ДУИ

Published

on

Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија, Мухамед Љамалари падна во рацете на полицијата, објави Курир.

Според порталот, Љамалари денеска околу 13 часот бил уапсен во хотел на Бит Пазар. Настанот го потврдиле и од Министерството за внатрешни работи.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик, одговорија од МВР за Курир.

Кривичните дела кои му се ставаат на товар се злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Според официјалните информации од истрагата која се водеше, Љамалари тогаш во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал криминалната група.

-Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да извршат негово противправно рушење и уништување, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.

Во незаконските дела вклучени беа 11 лица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк