Connect with us

Инфо +

Исповед на внукот на Тито: Пред да не напушти, ми кажа дека како своја најголема грешка ја смета…

Published

on

Внукот на некогашниот доживотен претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито открил што неговиот дедо му признал како своја најголема грешка.

Јосип Јошка Броз, политичар и угостител, но и внук на Тито, пред неколку години за домашните медиуми исто така открил што мисли за односот на Тито и неговата сопруга Јованка, како и некои детали од погребот на Тито.

Јошка Броз иајвил дека Тито после една операција го прашал која му е најголемата грешка. Јосип Броз изјавил: “Тоа што го пуштив уставот од 1974. Десет дена беше кај мене на маса.”

-Тој устав беше почеток на распадот и на Југославија и на Партијата и Републиката и се останато – изјавил Јошка Броз. Јошка вели дека Тито не сакал да го потпише Уставот, а на прашањето зошто не ставил вето, му одговорил: “Јас како демократ не сакав да дозволам да бидам надгласан во Собранието. Можев да ставам вето, грешка беше што не ставив”.

Додал и дека уставот го потпишале Мика Шпиљак и Киро Глигоров, а дека законот, помеѓу останатите, го истуркале и Едвард Кардељ и Стево Крајачиќ.

-Стево Крајачиќ е човек кој работеше од сенка, човек кој го намести и Ранковиќ и сите тие работи – изјавил Јошка Броз.

Додал дека Тито и Александар Раковиќ, поранешен шеф на тајните служби познат и под прекарите Лека и Абаџија, и после смената на Ранковиќ останале верни еден на друг.

Додал дека Тито и Александар Раковиќ, поранешен шеф на тајните служби познат и под прекарите Лека и Абаџија, и после смената на Ранковиќ останале верни еден на друг.

Јошка Броз ги отфрлил како невозможни приказните дека Тито всушност не е погребан во Куќата на цвекињата во Белград и дека не поч.инал на 4. мај туку порано.

-Дедо почина тоа утро на 4. мај. На трети мај вечерта му проработија очните капаци, започнаа да се помрднуваат. После тоа докторот ми рече дека тоа биле последните знаци. Утрината кога дојдов, го бакнав, седнав на авион, се вратив во Белград. И сега мене некој ми зборува дека бакнав мр.тов човек, изјавил внукот на Тито и додал:

-Тито беше сместен во метален сандак и заварен. А потоа началникот на некогашната ДБ зборува дека е ставен песок, дека народот е изл.ажан. Второ, не се одвоив од ковчегот до погребот. Во два часот ноќта пристигна дигалка и стави карпа од девет тони и јас дури тогаш заминав дома – изјавил Јошка, кој исто така ги отфрлил тврдењата дека Тито бил масон.

Македонија

Полицијата морала да интервенира: Маж од Тетово ја истепал сопругата

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.З.(36) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство и „загрозување на сигурноста“.

На 20.11.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

Continue Reading

Инфо +

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Published

on

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен.

Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова. Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев – „АСНОМ и македонскиот јазик“, и проф. д-р Емилија Црвенковска – „Значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и за просветата“.

На настанот ќе биде отворена и изложба „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, претставена од д-р Јасмина Дамјановска.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Деновиве започнува целосната реконструкција на салата „Расадник”

Published

on

Во денешното гостување на емисијата ”Во живо, програма на градови, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за обновата на спортската инфраструктура во општина Кисела Вода, ексклузивно најави дека до крајот на оваа седмица ќе започне целосната реконструкција на култната сала Расадник.

-Во четврток или петок, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и со Премиерот Христијан Мицкоски, ќе го најавиме официјалното отпочнување на градежни активности што подразбираат темелна, целосна реконструкција на салата “Расадник”. Тоа е еден симбол на нашта општина, место каде што своите почетоци ги има РК “Вардар”, но и нашиот министер Борко Ристовски, од кој имаме целосна поддршка. До крајот на неделава ги започнуваме градежните активности, завршена е тендерската постапка и избрана е фирмата изведувач која ќе го работи сето тоа и верувам е дека некаде до средината на мај наредната година, како што е предвидено со договорот со компанијата изведувач, салата да биде свечено пуштена во употреба и се надевам дека конечно и РК “Вардар”, конечно е се врати во својот храм, дома, во Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој информираше и дека во овие три години во општина Кисела Вода се изградени и обновени 13 спортско-рекреативни центри, 6 спортски сали, 19 детски катчиња и 7 паркови со преку 80 000 м2 зеленило.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк