Connect with us

Инфо +

ПРВ KОНЦЕРТ со 5,000 луѓе во Барceлона! – Cе тecтира дали наcтаните cо cтроги мерkи cе бeзбeдни

Published

on

Синоќа во Барселона, првпат од почетокот на пандемијата, се одржа концерт со публика од 5.000 луѓе. Сите присутни пред почетокот на концертот биле тестирани за коронавирус.

Концертот на алтернативниот бенд Love of Lesbian се одржа во салата Палау де Сант Џорди, која може да прими 24.000 луѓе.

Настанот беше организиран за да се тестира дали ваквите концерти, со строги хигиенски мерки, можат да бидат безбедни и покрај пандемијата.

Добредојдовте на еден од најтрогателните концерти во нашите животи, ја поздрави публиката Санти Балмес, пејачот на групата.

Беше одлично, всушност подобро отколку пред коронавирусот, бидејќи сите беа неверојатно среќни и возбудени што конечно присуствуваа на концертот. Многумина танцуваа и пееја користејќи заштитни маски, изјави Рубен Касадо за агенцијата ДПА.
Непосредно пред концертот, публиката мораше да се тестира за коронавирус во еден од трите специјализирани центри. Само шест од 5.000 тестови покажале позитивни резултати, според весникот „Ла Вангуардија“.

На заразените не им било дозволено да дојдат на концертот, а парите од билетите ќе им бидат вратени.

Резултатите од тестовите биле готови за 10-15 минути, а тестот и маската биле вклучени во цената на билетот.

Сличен концерт со 5.000 луѓе се одржа во Мадрид во декември лани, но не беше дел од истражување за мерките против епидемијата на коронавирус, а гледачите мораа да стојат на дистанца.

Македонија

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Published

on

Полицијата денеска ги објави идентитетите на загинатите во „аудито“ кое вчера околу 16 часот излета од локалниот пат Сарај-с.Рашче и падна во реката Вардар.

Според МВР, во возилото кое е извадено синоќа од Вардар се пронајдени телата на три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Македонија

„#ВЕРОзаТЕБЕ“ ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА Кампањата носи радост и поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост

Published

on

Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.

Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“, дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ“, го достигна својот следен чекор со проширувањето во Битола.

По успешното лансирање во Скопје, оваа иницијатива продолжува да прави разлика, обезбедувајќи поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост низ Северна Македонија. Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.

– Згрижувачките семејства нудат љубов и стабилност, додека центрите за лица со попреченост обезбедуваат поддршка и еднакви можности. Оваа кампања е повеќе од помош – таа е порака дека нивната работа е вреднувана и дека заедницата стои зад нив. Ваквите иницијативи се клучни за вистинска промена и подобрување на животите на најранливите – изјави Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади.

Continue Reading

Инфо +

Сиљановска – Давкова: Солидарност и сочувство со црногорскиот народ во моменти на трагедија

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, со неизмерна тага утрово се потпиша во Книгата на жалост во амбасадата на Црна Гора во Скопје, изразувајќи длабоко сочувство за трагедијата во Цетиње.

„Моите мисли, чувства и молитви се со блискиот црногорски народ во овие тешки денови,“ порача претседателката, истакнувајќи поддршка за семејствата на загинатите и надеж за брзо закрепнување на повредените.

Сиљановска – Давкова ја подвлече важноста на солидарноста и хуманоста, посочувајќи дека овие моменти на тага нè потсетуваат на заедничките човечки вредности.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк