петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Кривична истрага против сопствениците на барот во Кран-Монтана по трагичниот пожар

by Redakcija
03.01.2026
in Свет

Швајцарската полиција соопшти дека е отворена кривична истрага против двајцата сопственици на барот во ски-центарот Кран-Монтана, каде што на новогодишната ноќ животот го загубија 40 лица, а 119 беа повредени.

Сопствениците, брачниот пар Жак и Џесика Морети од Франција, се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност, соопшти полицијата на кантонот Вале. „Презумпцијата на невиност важи додека не се донесе правосилна пресуда“, нагласија властите.

Првичните истражни резултати покажуваат дека пожарот избувнал откако искри од „прскалки“ (party fountains) поставени на шишиња со пијалок го запалиле таванот обложен со звучна изолација. Огнот се проширил многу брзо, а експертите веќе ја поставија дилемата дали барот имал доволно излези за итни случаи и дали материјалот на таванот бил во согласност со законските норми.

Моретијците изјавија дека се скршени од трагедијата и дека целосно соработуваат со властите за расветлување на настанот. По завршувањето на првичните истраги под надзор на јавното обвинителство на Вале, синоќа официјално беше покрената кривична истрага против управителите на барот.

Related Posts

Американската војска се повлекува од Европа? Пентагон разгледува голем план

18.09.2026

Цените на бензинот во Германија уриваат рекорди: Литарот стигна над 3 евра

17.09.2026

Светот стравува од недостиг на гориво – Нови закани за глобалниот пазар на нафта

17.09.2026

Пензијата станува недостижна: Германија сака граѓаните да работат уште подолго

17.09.2026

Дизелот во САД со рекордни цени: Трамп бара Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетика

16.09.2026

Нова надеж за примирје: Русија и Украина се согласија да ги запрат нападите врз енергетиката

16.09.2026

Препорачани Вести

trump

Трамп најавува можност „Одборот за мир“ да ја замени ОН

8 месеци ago

Во Тетово уапсено лице од Косово – МВР со детали за настанот

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар на депонија во Охрид – уапсени три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија и Хрватска масовно се вооружуваат: Набавуваат тенкови, авиони и ракетни системи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.