среда, јули 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Тетово меѓу градовите со најмногу случаи на грип во земјава

by Redakcija
08.01.2026
in Република

Во првата недела од 2026 година, во земјава се регистрирани вкупно 1.725 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е зголемување од 2,2 пати во однос на претходната недела, информираше директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

Најмногу заболени се пријавени во Скопје, Тетово и Куманово. Според податоците на ИЈЗ, најголем број заболени се лица на возраст од 15 до 64 години (749), следени од деца на возраст од 5 до 14 години (618), деца до 4 години (229) и лица над 65 години (129).

Андоновска истакна дека е важно граѓаните да се придржуваат до превентивните мерки за да се намали ширењето на вирусот. Таа препорача избегнување на масовни собири и престој во затворени простории со голема концентрација на луѓе, редовно миење на рацете, проветрување на просториите, како и внес на доволно течности и лесна исхрана.

Лицата со симптоми на грип се повикани да останат дома и да се консултираат со матичен лекар, додека родителите се советувани да не ги упатуваат децата со симптоми во училиште или градинка.

Директорката на ИЈЗ најави дека пикот на сезонскиот грип се очекува по завршувањето на зимскиот распуст и со почетокот на второто полугодие во училиштата.

Related Posts

Без струја утре делови од Тетово и повеќе тетовски села

14.07.2026

Проданоски: Вечна слава на хероите од Ножот, нивната жртва е симбол на непокорот и достоинството

14.07.2026

Општина Прилеп: Голем екран и одлична атмосфера за полуфиналето Франција – Шпанија

14.07.2026

Општина Прилеп: Граѓаните добиваат бесплатни канти за селекција на отпад, 286 домаќинства веќе се вклучија во системот

14.07.2026

Општина Брвеница избра в.д. Градоначалник

14.07.2026

Почина д-р Васко Мицевски – ВМРО-ДПМНЕ Ресен се прости од поранешниот пратеник и истакнат лекар

14.07.2026

Препорачани Вести

Потрага по злато вредно 20.000 евра – нова туристичка атракција

4 недели ago
Руски дронови и балистички ракети оставија 70% од Киев без струја

Руски дронови и балистички ракети оставија 70% од Киев без струја

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Рускиот воздушен удар со ФАБ-3000 снимен на камера: Огромна експлозија на фронтот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само најбогатите ќе бидат на трибините – Рекордна цена на билетите за завршницата на СП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Саудиска Арабија повторно удри во Јемен, Хутите предупредуваат на одговор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетово: Жена со „опел корса“ удрила во „ауди“ и избегала, повреден 20-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре неколки скопски населби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.