На 09.01.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Визбегово, скопско, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(20) од с.Визбегово, удрило во пешакот Ц.Ц.(54) од Велес.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.









