сабота, мај 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Самсунг (Samsung) истакнува како отворените екосистеми се клучот до вистинското ветување на “AI“ технологијата во домот на “CES 2026“

by Redakcija
12.01.2026
in Магазин

Самсунг (Samsung) на “Tech Forums” сесиите на “CES 2026“ собра лидери за интероперабилност на паметни домови на дискусија што ја дефинира индустријата

Скопје, 12 јануари 2026 година – “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) собра лидери од различни индустрии кои разговараа за важноста на интероперабилноста на паметните домови на првиот панел од своите “Tech Forums“ сесии на “CES 2026“, одржан во “The Wynn“ во Лас Вегас, Невада. На сесијата со наслов „Кога сè функционира заедно: Како отворените екосистеми испорачуваат вештачка интелигенција со вистинско влијание“ (орг. “When Everything Clicks: How Open Ecosystems Deliver Impactful AI”), експертите дискутираа како меѓусекторските партнерства ги трансформираат поврзаните домови во интелигентни средини што делуваат беспрекорно, безбедно и вистински ја поддржуваат секојдневната животна рутина на луѓето.

Отвореноста како темел на вештачката интелигенција во домот

Панелистите се согласија дека следната ера на интелигенцијата во домот мора да се гради врз отворена соработка, а не врз затворени екосистеми. Како што домовите сè повеќе се потпираат на уреди и услуги од многу брендови и индустрии, отвореноста им овозможува на “AI“ системите да соработуваат на начин што создава реално влијание во секојдневниот живот. “Samsung“ го сподели своето уверување дека отворената поврзаност им овозможува на апаратите за домаќинство, енергетските системи, безбедносните услуги и партнерите од различни индустрии да понудат искуства што би биле невозможни во изолирани средини.

„Домот е најличниот простор во нашите животи, затоа технологијата со вештачка интелигенција во домот мора да ја заслужи довербата – тивко, со почит и со вредност што корисниците можат да ја почувствуваат“, изјави Јунхо Чои (Yoonho Choi), Претседател и Претседавач на Управниот одбор на “Home Connectivity Alliance“ (“HCA“) и Раководител на стратешки сојузи во “Samsung Electronics“. „Тоа бара интероперабилност меѓу брендовите, за домот да функционира како еден систем, а не како збир од неповрзани функции. Преку соработка со “HCA“ и со индустријата во целина, ја претвораме отвореноста во резултати: побезбедни домови, поедноставни рутини и мерливи заштеди, изградени врз согласност и транспарентност.“.

Поттикнување на најголемиот поврзан домашен екосистем во светот

“Samsung“ ја истакна големината и длабочината на својот поврзан екосистем, наведувајќи дека повеќе од 500 милиони корисници веќе се дел од “SmartThings“ заедницата. Со повеќе од една деценија лидерство во поврзаниот начин на живеење, “Samsung“ носи длабоки сознанија за тоа како се развива технологијата со вештачка интелигенција во домот – од денешните паметни уреди до идната интелигенција на ниво на цел систем.

Оваа основа му овозможува на “Samsung“ да дизајнира “AI“ искуства што се координираат меѓу уреди и услуги, нудејќи вредност што се доживува природно, а не технички.

„Клучно е да се испорачаат опипливи придобивки што навистина го подобруваат животот на луѓето“, изјави Мајкл Волф (Michael Wolf), Oсновач и главен уредник на “The Spoon“. „Во таа насока, нема област што ќе донесе поголема корист од широко поврзана кујна, таква што им овозможува на корисниците да знаат што се наоѓа во нивниот фрижидер, додека истовремено е поврзана со водоводните и грејните мрежи, овозможувајќи холистичко разбирање што поттикнува превентивни дејства.“.

Претворање на соработката во мерливи придобивки за потрошувачите

Панелот, исто така, истражи како отворените екосистеми овозможуваат мерливи придобивки за потрошувачите преку меѓусекторски партнерства. “Samsung“ ја истакна својата соработка со “Hartford Steam Boiler“ (“HSB“) како прв ваков пример за тоа како податоците од паметниот дом, користени одговорно и транспарентно, можат да донесат значајни резултати.

„Се наоѓаме во момент кога поврзаниот дом може беспрекорно да се интегрира во животниот стил на корисниците, градејќи доверба во опремата за паметен дом што резултира со директни придобивки за потрошувачите“, изјави Џед Усич (Jed Usich), Сениор Потпретседател за решенија за стратешки раст во “HSB“. „Преку нашето партнерство со ’Samsung’, создадовме мост кон осигурителната индустрија што ги претвора едноставните податоци во конкретни заштеди за потрошувачите.“.

Дизајнирање вештачка интелигенција што делува човечно, а не наметливо

Во текот на целата дискусија, панелистите нагласија дека, за да биде успешна, технологијата со вештачка интелигенција во домот мора да делува емоционално интелигентно и природно да се вклопува во рутините како готвење, одмор, забава и грижа за семејството. Дизајнот, раскажувањето и разбирањето на однесувањето играат клучна улога во тоа поврзаните уреди да делуваат како мирни и доверливи придружници.

Панелистите се согласија дека иднината на “AI“ технологијата во домот зависи од интероперабилноста, одговорното користење на податоците и соработката меѓу индустриите, обезбедувајќи интелигентните домови да испорачуваат вистинска вредност без да ја нарушат довербата.

Како што “AI“ технологијата станува сè поамбиентална и интегрирана на ниво на целиот систем, “Samsung“ останува фокусиран на градење отворени екосистеми што го прават поврзаниот живот поедноставен, побезбеден и позначаен – докажувајќи дека кога сè функционира заедно, “AI“ технологијата во домот навистина може да го подобри секојдневниот живот.

Related Posts

Македонец меѓу преживеаните од Титаник – приказната за Стојко Додоловски

01.05.2026

Питер Далас – човекот кој по 70 години откри дека е Македонец и ја создаде програмата „Birthright Macedonia“

01.05.2026

Хостел нуди ноќевање во шатори на покрив за 75 евра

01.05.2026

Експертите открија која конзервирана туна е најздрава: цената воопшто не е важна и многумина ќе се изненадат

30.04.2026

Откриено дали побелената чоколада е безбедна за консумирање и дали го загрозувате здравјето

30.04.2026
Скриени симптоми на срцеви проблеми кои често се игнорираат

Скриени симптоми на срцеви проблеми кои често се игнорираат

30.04.2026

Препорачани Вести

Македонците во Албанија ја прославија Стара нова година и Василица

4 месеци ago

Македонија оди по победа против Португалија – Митревски и Пешевски повторно во составот!

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Исчезна 16 годишно девојче во Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО САРАЕВО: Полицијата го пронајде убиецот, позната судбината и на малото девојче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Нов инцидент во ЗОО Скопје – посетителка влезе во опасна зона кај мајмуните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов закон за миленици во Македонија: Казни до 400 евра за несовесно чување кучиња – казна до 5.000 евра за ова дело!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.