среда, јуни 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Кучиња со албански маркички на скопските улици: „Анима Мунди“ бара итна реакција за шверцот со животни

by Redakcija
12.01.2026
in Скопје
kucinja

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ излегува со сериозно и вознемирувачко јавно предупредување: во Скопје, според нив, се одвива организирана и добро координирана операција за нелегално внесување и дислокација на кучиња, што претставува и суровост кон животните и директна закана по јавната безбедност.

Како што информираат од здружението, во општина Карпош во изминатите денови ненадејно се појавила цела нова глутница кучиња. Станува збор за животни кои граѓаните не ги препознаваат, кои не биле дел од постоечката улична популација и кои, според сведоштвата од терен, се појавиле буквално преку ноќ. Дополнително загрижува фактот што кучињата се нестерилизирани и необележани, што, според „Анима Мунди“, недвосмислено укажува дека не станува збор за природен прираст, туку за насилно преместување.

„Одговорно тврдиме дека ова е организирано внесување кучиња. ЈП ‘Лајка’ нема ниту оставено, ниту испуштено ваква бројка нестерилизирани и необележани животни на ниту една локација во Скопје. Луѓето со години ги познаваат кучињата во своите маала – овие не се тие“, велат од здружението.

Ситуацијата добива уште посериозна димензија откако активисти на „Анима Мунди“ на терен пронашле кучиња со ушни маркици од Република Албанија, слободно пуштени на улиците на Скопје. Овој наод, според нив, отвора сомнеж за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни – кривично дело кое досега очигледно поминувало без санкции.

Од здружението бараат итна реакција од институциите. Конкретно, тие повикуваат на целосна проверка на сите јавни и приватни безбедносни камери на локациите каде што кучињата се појавиле, како и на влезно-излезните правци кон главниот град. Очекуваат МВР и Јавното обвинителство да утврдат кој стои зад транспортот, од каде потекнуваат животните и кој ги истовара на улиците на Скопје.

„Ова не е изолиран инцидент, туку логистички испланирана активност. Масовното напуштање и дислокација на кучиња е суровост, но и сериозна општа опасност“, предупредуваат од „Анима Мунди“.

Здружението потсетува дека со години алармира за законските празнини и институционалната незаинтересираност. Тие веќе поднеле конкретни предлози за измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, со цел построго регулирање на сопствеништвото на кучиња, како и измени на Кривичниот законик, со кои напуштањето миленик, суровоста и предизвикувањето општа опасност би се третирале како кривични дела – по примерот на Хрватска.

Паралелно, „Анима Мунди“ упатува итен јавен апел до ЗЕЛС, со барање ова прашање да се отвори на ниво на сите градоначалници. Според нив, секоја општина мора да ја третира проблематиката со уличните кучиња на хуман и законски начин – преку масовна стерилизација, прецизна евиденција и строги санкции за секој облик на незаконско дислоцирање.

„Ниту ‘Лајка’, ниту кое било јавно претпријатие не може самостојно да го реши овој проблем, сè додека институциите молчат, а криминалот се толерира“, порачуваат од здружението, додавајќи дека одговорноста овојпат мора да има име и презиме.

Related Posts

Три скопски населби утре без струја, прекините ќе траат и до седум часа

15.06.2026

Брза реакција спречи трагедија во Скопје: 83-годишен маж спасен од давење во Вардар

13.06.2026

Во Чаир поставени 100 нови контејнери за почиста и поуредена општина

13.06.2026

Меџити: Паркот „Ринија“ е пример за силата на граѓанската иницијатива и талентот на младите

12.06.2026

ВИДЕО: Дефект во електрична инсталација предизвика пожар во Кисела Вода

12.06.2026

Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја

11.06.2026

Препорачани Вести

Трамп со провокативни објави за Канада и Гренланд: „Императив за безбедноста на САД“

5 месеци ago

ЧУДНА КРАЖБА ОД ДРЖАВНИОТ АРХИВ: Тројца тинејџери фатени со украдени книги

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Битола ги повикува граѓаните на втор форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камион и автомобил се судрија кај Мирковци, незгода и со мотоцикл во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска акција на Македонското еколошко друштво: Заедно со граѓаните можеме да обезбедиме сигурен дом за модровраната!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МЕНУВАЧНИЦИТЕ ГИ ТРИЈАТ РАЦЕТЕ: Доаѓа лето, лани за два месеци имале промет од 587 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од следната недела почнува аплицирањето за грантови до 11.000 евра за самовработување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.