петок, јули 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Руски дронови и балистички ракети оставија 70% од Киев без струја

by Redakcija
13.01.2026
in Свет
Руски дронови и балистички ракети оставија 70% од Киев без струја

Киев ја преживеа уште една ноќ под оган, во момент кога зимата ја покажува својата најсурова страна. Масовниот руски ракетен и дронски напад во раните утрински часови на 13 јануари го остави украинскиот главен град во мрак – без струја, без вода и со сериозна закана за греењето, додека температурите се очекува да паднат и до минус 22 степени.

Според државниот оператор „Укренерго“, околу 70 проценти од Киев останале без електрична енергија, откако во нападот биле погодени клучни трафостаници. Во мрак се најдоа и предградијата Буча, Хостомел и Ирпин, каде што жителите, покрај струја, останале и без вода. Итни рестрикции биле воведени низ целиот град и делови од Кијивската област.

Експлозии од балистички ракети се слушале околу 1:10 часот по полноќ, а нов бран детонации го потресе градот и неколку часа подоцна, околу 8:30 часот наутро, потврдија новинарите на „Кијив Индепендент“ од терен. Според украинските воздухопловни сили, Русија во овој комбиниран напад истрелала 18 балистички ракети, седум крстосувачки ракети и дури 293 дронови „Шахед“, со фокус на енергетската инфраструктура во Кијив, но и во регионите Харков, Запорожје и Днипропетровск.

„Русите се обидуваат да го исклучат градот и да ги принудат луѓето да се иселат“, изјави за „Киев Индепендент“ директорот на „Укренерго“, Виталиј Зајченко, додавајќи дека Москва веќе се подготвува за нов бран напади со крстосувачки ракети.

Последиците не се ограничени само на главниот град. На периферијата на Харков, во комбиниран ракетен и дронски напад, загинаа најмалку четири лица, а шестмина се повредени. Веднаш по ударите, околу 6.000 објекти во градот останале без струја.

На удар повторно се најде и украинскиот енергетски сектор. ДТЕК, најголемата приватна енергетска компанија во земјата, соопшти дека една од нејзините термоцентрали била оштетена во нов напад – осми таков од октомври минатата година. Поради кризата, супермаркетските ланци „Новус“ и „Силпо“ најавија затворање на дел од продавниците во Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информира дека и покрај напорите на екипите, околу 800 станбени згради и натаму се без електрична енергија. Аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата е потешка од кога било досега.

„Ова можеби не беше најинтензивниот напад, но неговото влијание е најтешкото што сме го виделе. Во споредба со претходните зими, состојбата е најлоша“, изјави Олена Павленко од киевскиот енергетски тинк-тенк „ДиКси Груп“.

По нападот се огласи и украинската амбасадорка во Македонија, Лариса Дир, која на социјалната мрежа Х редовно сведочи за последиците од руската агресија. „Оваа студена ноќ Русија истрела 25 ракети и 300 дронови врз Украина. Дел од регионите се без електрична енергија. Спасувачките служби работат деноноќно за да ги отстранат последиците од варварските удари на државата-агресор рф, која сè уште седи во Советот за безбедност на ОН“, напиша Дир.

Само неколку дена претходно, ноќта на 9 јануари, сличен масовен напад однесе четири животи и повреди 24 лица во Киев, оставајќи го градот без струја, греење и вода токму пред ударот на најстудените зимски денови. За Украина, зимата повторно се претвора во фронт.

Related Posts

Повеќе од 30 повредени откако автобус изгубил контрола и се забил во зграда

10.07.2026

Криза во Русија: Недостигот на гориво ги празни патиштата – властите препорачуваат работа од дома

10.07.2026

Украински дронови ја погодија рафинеријата „Илски“: Евакуации во Таганрог, Русија се соочува со недостиг на гориво

10.07.2026
Синот на Нетанјаху официјално го смени името: Јаир сега е Јонатан Хун

Синот на Нетанјаху официјално го смени името: Јаир сега е Јонатан Хун

09.07.2026
(ВИДЕО) Удар врз руската енергетска инфраструктура: Рафинеријата во Саратов го запре производството по напад со дронови

(ВИДЕО) Удар врз руската енергетска инфраструктура: Рафинеријата во Саратов го запре производството по напад со дронови

09.07.2026
(ВИДЕО) Трамп повторно го отвори прашањето за Гренланд: „Треба да биде под контрола на САД, а не на Данска“

(ВИДЕО) Трамп повторно го отвори прашањето за Гренланд: „Треба да биде под контрола на САД, а не на Данска“

09.07.2026

Препорачани Вести

Најмалку 58 загинати лица во воените судири во Пакистан

Најмалку 58 загинати лица во воените судири во Пакистан

5 месеци ago

ВИДЕО: Експлозии во американската база во Саудиска Арабија

4 месеци ago

Популарни Вести

  • ВЛЕН: ДУИ е во паника и се моли да нема избори во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси на пет локации во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на кружниот тек кај „Илинденска“ во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турското крајбрежје ги нуди едни од најдобрите искуства за време на летните горештини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.