среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Седум загинати во експлозија во населба за странци во Кабул

by Redakcija
19.01.2026
in Свет

Најмалку седум лица го загубија животот, а повеќе други се повредени во експлозија што се случи во елитната населба Шахр-е-Нав во Кабул, дел од градот каде што живеат и престојуваат претежно странци, соопштија болнички и безбедносни извори.

Според портпаролот на полицијата во Кабул, Халид Задран, експлозијата се случила во хотел на улицата Гулфароши, во четвртиот округ на авганистанската престолнина. Болничките власти информираат дека повредените биле итно пренесени на лекување, при што дел од нив се во тешка состојба.

Невладината организација „Итна помош“ соопшти дека во нејзиниот медицински центар во Кабул биле примени вкупно 20 лица по експлозијата, од кои седум починале пред да пристигнат во болницата.

Според информациите на АП, кинескиот државен радиодифузер CCTV објави дека двајца кинески државјани се тешко повредени, додека еден член на обезбедувањето го загубил животот. Ројтерс наведува дека Шахр-е-Нав важи за една од најбезбедните населби во Кабул и во неа се сместени бројни канцеларии, трговски центри и дипломатски претставништва.

Локалниот весник „Афган тајмс“ пренесува дека експлозијата се случила во близина на кинески ресторан и дека наводно целта било возило во кое се превезувале кинески службеници. Според истите извори, постојат сомневања дека нападот е поврзан со внатрешни судири меѓу фракции во рамките на талибанското движење.

Надлежните институции соопштија дека истрагата за случајот е во тек и дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе се утврдат сите околности.

Related Posts

Преговори за нуклеарната програма помеѓу Иран и САД денес во Оман

САД доставија предлог од 15 точки за прекин на огнот со Иран

25.03.2026

САД ја мобилизираат 82-та воздушно-десантна дивизија кон Блискиот Исток, во пресрет на можна операција во Иран

25.03.2026
Австралија воведува привремена забрана за туристички визи за ирански државјани

Австралија воведува привремена забрана за туристички визи за ирански државјани

25.03.2026

16-годишник уапсен во Австралија за планирање терористички дејства

25.03.2026
Напад на електрана во Естонија од руско беспилотно летало

Напад на електрана во Естонија од руско беспилотно летало

25.03.2026
Австралија и Јапонија одбиваат да испратат бродови во Ормускиот теснец

Техеран воведува нови правила за пловидба низ Ормускиот Теснец

25.03.2026

Препорачани Вести

Законот за заштита од пушење ќе биде донесен без одложување, велат од Министерство за здравство

Законот за заштита од пушење ќе биде донесен без одложување, велат од Министерство за здравство

1 месец ago

ТЕЛМА објави нови шокантни снимки за тик-токерот која стана сериски убиец: Се снимал секој ден, се фалел со пари наредени на маса (ВИДЕО СНИМКИ)

4 недели ago

Популарни Вести

  • Преговори за нуклеарната програма помеѓу Иран и САД денес во Оман

    САД доставија предлог од 15 точки за прекин на огнот со Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонец фатен по бегство  – фатална сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈКП Комуналец – Прилеп: Поправени оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитровски: Со дела градиме подобри услови – започна изградбата на спортски игралишта во ОУ „Даме Груев“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Тетово – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.