среда, март 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Железничка трагедија во близина на Барселона: Воз излета од шините, загина машиновозач

by Simovski
21.01.2026
in Свет
voz

Шпанија повторно е завиена во црно по уште една тешка железничка трагедија. Патнички воз синоќа излета од шините во близина на Барселона, при што животот го загуби машиновозачот, а најмалку 37 патници се здобија со повреди.

Несреќата доаѓа само неколку дена по катастрофалниот судир на два воза во неделата, во кој загинаа најмалку 42 лица, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на железничкиот сообраќај во земјата.

Според првичните наоди на истрагата, возот налетал на потпорен ѕид што се урнал на пругата меѓу местата Гелида и Сант Садурни, при што се судрил во истиот. Причина за уривањето, како што наведуваат локалните власти, е силното невреме што ја зафати областа – бура проследена со интензивни дождови и силни ветрови.

Службите за итна помош веднаш интервенирале на местото на настанот и успеале да ги евакуираат сите патници од композицијата. Паралелно, се спроведуваат детални пребарувања на околината за целосно да се исклучи можноста за дополнителни жртви.

Поради бурата „Хари“, во повеќе делови од Каталонија е прогласен црвен аларм. Метеоролошките служби предупредуваат на ветрови што достигнуваат и до 80 километри на час, како и на обилни врнежи. Дополнителни апели се упатени до граѓаните да избегнуваат пристаништа и плажи, каде што високите бранови претставуваат сериозна опасност.

Related Posts

Тензии на врвот: Иран ја потврди смртта на Лариџани, Израел со нови закани кон Хамнеи

17.03.2026

Трагедија во Виена: Се урна скеле, четири загинати

17.03.2026

САД со нов притисок врз сојузниците – Имате време до петок

17.03.2026

ВИДЕО: Дронови и ракети кон американската амбасада во Багдад – зголемени тензии во Ирак

17.03.2026

Иранската Револуционерна гарда со остра порака до Трамп: „Војната се решава на терен, не на интернет“

17.03.2026
Дури и повременото пушење е штетно

Дали доаѓа крај на пушењето во ЕУ?

17.03.2026

Препорачани Вести

Апсење на „Борис Кидрич“ во Тетово – МВР со детали од наслтанот

2 месеци ago

Трагичен случај: Пациентка од Крива Паланка почина во возило на Итната помош

1 недела ago

Популарни Вести

  • Уапсени четири лица во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија со остар чекор кон Техеран: Иран прогласен за спонзор на тероризам, Израел ја поздрави одлуката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензии на врвот: Иран ја потврди смртта на Лариџани, Израел со нови закани кон Хамнеи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сообраќајка во Бутел: Три возила учествувале, меѓу нив и службено возило на ЕВН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 10,72 милиони денари – најголем дел од ликвидноста кај КБ, Тетекс и НЛБ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.