вторник, мај 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска за Фактор: Енергетска сувереност: Македонија повеќе не чека – таа гради

by Redakcija
22.01.2026
in Економија, Топ Вести

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини

Енергетската транзиција одамна не е прашање на избор. Таа е економска, безбедносна и геополитичка нужност. Светот веќе не расправа дали треба да се менува енергетиката, туку како и колку брзо.

Енергетиката денес е пазарна реалност, но и прашање на национална отпорност. Македонија предолго беше набљудувач во тие процеси. Без јасна стратегија. Без долгорочно планирање. Без системска визија.

Тоа го сменивме.

Со формирањето на посебното Министерство за енергетика и со новиот Закон за енергетика, поставивме јасен институционален и правен темел. Воведовме ред таму каде што со години имаше ад-хок решенија. Започнавме планиран развој наместо реактивно управување.

Енергетската безбедност денес не значи само поседување извор на енергија. Таа значи способност системот да издржи кризи, да се адаптира на шокови и да обезбеди стабилно снабдување во секој момент.

Енергетската независност, исто така, не значи целосно отсуство на увоз. Таа значи увоз по избор – а не по нужност.

Во декември минатата година, согласно законот, го донесовме Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година. Тоа не е формален документ. Тоа е инвестициски и развоен пасош на државата, со вкупна вредност над 1,35 милијарди евра.

Првпат Македонија има јасна мапа каде оди енергетскиот сектор.

Планот опфаќа 481 проект кои се веќе реализирани или во завршна фаза. Нашиот пристап е јасен: секој мегават мора да биде функционален дел од системот. Не бројка на хартија. Не политичка декларација.

Затоа паралелно со изградбата на капацитети, ја зајакнуваме и мрежата што таа енергија треба да ја пренесе.

Доминираат фотонапонските централи. Го користиме сонцето – нашиот најголем природен ресурс. Но овојпат тоа го правиме контролирано, плански и со дигитализирани постапки за приклучување.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк

Related Posts

САД го продолжуваат за 30 дена изземањето од санкциите за руската нафта

САД го продолжуваат за 30 дена изземањето од санкциите за руската нафта

19.05.2026
„Луфтханза“ ги укинува летовите Франкфурт-Скопје, линијата се пренасочува преку Виена

„Луфтханза“ ги укинува летовите Франкфурт-Скопје, линијата се пренасочува преку Виена

19.05.2026
Германија расправа за продажба на дел од златните резерви вредни 440 милијарди евра

Негативниот тренд останува активен: Златото се соочува со нов продажен притисок

19.05.2026

Добра вест за младите: Усвоен закон за додаток од 3.000 денари за вработените до 23 години

18.05.2026
Рајанер најавува значително намалување на летови во Европа во 2026 година

Ryanair очекува стабилни цени на билетите во пикот на летната сезона

18.05.2026

Димитриеска-Кочоска: Продолжуваат консултациите за ребалансот на Буџетот за 2026 година

18.05.2026

Препорачани Вести

Намалување на бројот на невработени во ЕУ

2 месеци ago

(ВИДЕО) СЕКУНДИ НА УЖАС ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Дете висеше од жичара на Јахорина – падна во последен момент од голема висина

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Арсенал е на чекор до шампионската титула во Премиер лигата по повеќе од 20 години

    Арсенал е на чекор до шампионската титула во Премиер лигата по повеќе од 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нејмар се враќа во бразилскиот состав за Светското првенство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 104 прекршоци на мотоциклисти во Битола и Прилеп во рок од два дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правилото за задолжителен комплет за прва помош за возачи во Грција одложено за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Израел пресретна дел од флотилата „Сумуд“ кон Газа, приведени 11 австралиски активисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.