среда, август 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

by Redakcija
31.01.2026
in Свет

Прекин во работата на жичницата на планината Улудаг, во близина на турскиот град Бурса, денеска остави 51 лице заглавени во кабините за време на превозот, пренесе државната телевизија ТРТ Хабер.

Инцидентот се случил околу 11 часот по локално време во областа Османгази, позната по хотелите и капацитетите за зимски туризам. Поради технички дефект, патниците останале блокирани неколку метри над земјата.

По пријавата на бројот за итни случаи 112, на терен биле испратени 96 спасувачи, меѓу кои припадници на жандармеријата, медицински тимови, пожарникари и екипи од Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, а во акцијата се вклучиле и тимови од соседниот округ Сакарија. По координирана интервенција, сите 51 лице биле безбедно евакуирани.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, им честиташе на спасувачките тимови за успешната и навремена акција. Надлежните институции започнаа истрага за утврдување на причините за дефектот.

Жичницата во Бурса, која е во употреба од 1963 година и целосно реконструирана во 2015 година, е долга девет километри и е една од најдолгите во светот, како и една од најпосетуваните туристички атракции во регионот.

Related Posts

Зеленски: Русија губи околу 30.000 војници месечно

05.08.2026

ВИДЕО – „Ве молам, немојте да ме враќате“: 12-годишно момче од Мароко стана симбол на мигрантската криза во Шпанија

04.08.2026
(ВИДЕО) Пентагон отвори тајна архива за НЛО: ОБЈАВЕНО ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО!

Трагедија на руското Црноморје: Тројца загинаа, 13 лица се повредени по пад на остатоци од дрон

04.08.2026

Уапсен осомничен пироман за катастрофалниот пожар кај Спокејн: Изгореа најмалку 700 објекти, евакуирани 67.000 луѓе

04.08.2026

Руски научници: Првиот пациент што прими персонализирана вакцина против рак ја привршува терапијата

04.08.2026

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, наместо четири, ќе трае 11 месеци

04.08.2026

Препорачани Вести

Хормуз блокиран: Над 150 танкери заглавени поради конфликти во регионот

5 месеци ago

Македонската репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Цела Македонија под портокалов аларм поради екстремни горештини, надлежните со важни препораки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски: Русија губи околу 30.000 војници месечно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на сообраќајот на патот Битола–Прилеп поради сообраќајна незгода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Охридскиот договор не е сопственост на ДУИ, Законот за правична застапеност не смее да биде блокиран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маркетите со пониски цени од тезгите – што се случува со зелените пазари?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.