среда, мај 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Нов инвестициски бран во енергетиката: Усвоениот План за 2026 проектира вложувања од 5,7 милијарди евра

by Redakcija
02.02.2026
in Економија, Топ Вести

 Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на прес-конференцијатаобјави масивен циклус на инвестиции во кој се вклучени над 97 приватни компании, со вкупна проценета вредност од неверојатни 5,7 милијарди евра.

„Овој документ е конкретен, анализиран и стратешки план со кој почнува нов, масивен циклус на инвестиции во енергетиката во Македонија. Зборуваме за проекти кои ќе ја трансформираат нашата енергетска слика, ќе обезбедат стабилност и ќе ја зацврстат нашата енергетска независност. Тоа се инвестиции на 97 приватни компании, а улогата  на министерството беше да се создадат услови. Со новиот закон се воведоа нови стандарди, транспарентност и се усогласивме со европските стандарди“, истакна министерката Божиновска. 

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на 27 јануари годинава го усвои Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, а документот е објавен и во„Службен весник“.

Планот предвидува реализација на 67 нови енергетски објекти со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 MW. Според презентираните податоци, најголем дел од портфолиото се фотонапонски електроцентрали, 59 проекти со над 3.000 MW и проценета вредност од околу 2,1 милијарди евра. Во планот се вклучени и седум ветерни електроцентрали со 907 MW, проценета инвестиција на околу 1,18 милијарди евра, како и една когенеративна гасна централа со 495 MW за системско балансирање проценета на 445 милиони евра.

Паралелно со производствените капацитети, планот става акцент и на складирањето како клучен услов за интеграција на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во мрежата. Најавени се 96 складишта на електрична енергија со вкупна инсталирана моќност од 2.027 MW и капацитет од речиси 5.000 MWh. Инвестиција чија вредност е проценета на близу 2 милијарди евра. Во рамки на оваа бројка се предвидени 77 интегрирани батериски системи во склоп на електроцентрали и 19 самостојни складишта. 

Секој проект поминал низ ригорозна контрола и прелиминарни анализи од страна на МЕПСО и Електродистрибуција за да се гарантира стабилноста на системот. Од пристигнатите 284 барања, прифатени се само оние со комплетна документација и докажан бонитет.

„Немаше и нема да има привилегирани. Градиме плански и безбедно, а не хаотично“, децидно рече министерката.

Во националниот план се интегрирани и 56 проекти од општинските планови на седум единици на локалната самоуправа: Македонски Брод, Лозово, Дебрца, Кавадарци, Куманово, Брвеница и Кочани. Целта е поттикнување на локалниот економски развој и заштита на животната средина.

Божиновска оцени дека интересот на инвеститорите бил значително поголем од конечната листа, односно во законскиот рок до 1 октомври добиле 284 барања, , а во ранг-листата влегле само оние кои се комплетни, по принципот „прв дојден – прв услужен“. 

Министерството веќе го започна процесот за Годишниот план за 2027 година. До 1 април 2026 тече рокот за пријавување на иницијативи за објекти до 1 MW до општините, а до 1 јуни 2026 е рокот за инвеститорите над 1 MW до Министерството. До 31 декември 2026 треба да се донесе Планот за 2027 година.

Related Posts

Интервју за Макфакс: Д-р Небојша Баткоски – водечко име во современата стоматологија и стоматолошкиот туризам

06.05.2026

Димитриеска-Кочоска на средба со Копман: Реформската агенда дава конкретни и мерливи резултати

06.05.2026
ЕУ ја оцени позитивно усогласеноста на монетарната политика на Народната банка со европските препораки

ЕУ ја оцени позитивно усогласеноста на монетарната политика на Народната банка со европските препораки

06.05.2026
Примирјето меѓу САД и Иран ја турна цената на нафтата под 100 долари

Нафтата поевтинува втор ден по ред по сигналите за можен договор меѓу САД и Иран

06.05.2026

Коњановски добитник на „Менада“ на затворањето на „Танц фест“

06.05.2026
Авиокомпаниите намалуваат капацитети: 13.000 летови откажани поради скапото гориво

Авиокомпаниите намалуваат капацитети: 13.000 летови откажани поради скапото гориво

06.05.2026

Препорачани Вести

Администрацијата добива покачување на платите

1 месец ago
Украина бара брзи испораки на „Патриот“ ракети по серијата руски напади

Украина бара брзи испораки на „Патриот“ ракети по серијата руски напади

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Киев: Русија го прекрши предложеното примирје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блокада на Ормускиот теснец би имала пошироки економски последици за САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Баерн и ПСЖ во реванш за финале во ЛШ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Срдечна средба со шведскиот амбасадор Ола Сулстром во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Недостиг на угостителски кадар: Македонските ресторани остануваат без персонал пред летната сезона

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.