вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

by Redakcija
04.02.2026
in Македонија
154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Македонија денеска се сеќава на една од своите најсилни историски фигури – се одбележуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, револуционерот што дал визија за слободата како цивилизациска и културна битка, а не само како оружен судир.

Во Скопје, во дворот на црквата „Свети Спас“, каде што почиваат неговите посмртни останки, ќе се одржи централното државно чествување. Пред саркофагот на Делчев ќе се поклони државниот и политичкиот врв – премиерот Христијан Мицкоски, собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, пратениците Сергеј Попов, Даниела Белимова и Сања Лукаревска, како и претставници на Град Скопје, институции, политички партии и граѓански организации.

Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во домот на Султана и Никола Делчеви, Гоце уште рано го избрал патот на знаењето и отпорот. Образованието го стекнувал во Солунската гимназија и на Воената академија во Софија, но вистинската животна мисија ја нашол меѓу народот – како учител во Штип и како еден од клучните организатори на Тајната македонско-одринска револуционерна организација.

Како член на Централниот комитет на ТМОРО, Делчев ја градел организациската мрежа што ја држела револуцијата жива: комитети, бази, комитски чети и врска со населението. Заради таа неуморна дејност, меѓу соборците бил познат како „апостол на револуцијата“, а за противниците – најопасниот непријател.

Хуманист по убедување и борец по нужност, Делчев ја минал Македонија надолж и попреку, верувајќи дека слободата мора да се избори со свесен, организиран и достоинствен народ. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО во 1896 година, а подоцна, до 1901, бил задграничен претставник на Организацијата во Софија.

Неговата револуционерна патека била прекината на 4 мај 1903 година, кога бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. Но идејата што ја носел – за слободна Македонија и за свет во кој народите се натпреваруваат со култура, а не со сила – останала да живее.

Од 1946 година, саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев се наоѓа во дворот на „Свети Спас“ во Скопје – место на тивка почит, но и на гласно историско сеќавање.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

17.11.2026

Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид: Сѐ ќе сторам сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

16.11.2026

Од 2027 година нови правила за Македонците кои патуваат во ЕУ

16.11.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум

16.11.2026

Мицкоски од Брисел: Македонија заслужува европска иднина со почитување и заштита на националните интереси

16.11.2026

Од денеска задолжителна зимска опрема: Еве какви гуми и синџири мора да имаат возачите за да избегнат казна од 45 евра

15.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Германија подготвува големи промени за работниците од Балканот

3 недели ago

ЗИМСКА БАЈКА НА ГАЛИЧИЦА: СТАДО ЕЛЕНИ ПЛЕНАТ СО СНЕЖНА ГЛЕТКА

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.