вторник, мај 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Започна постапката за прогласување на Белчишко Блато за Парк на природа

by Simovski
04.02.2026
in Македонија
Започна постапката за прогласување на Белчишко Блато за Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање официјално ја започна постапката за донесување на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Белчишко Блато, лоцирано во општина Дебрца, претставува значајно влажно живеалиште со висока биолошка разновидност. Подрачјето е важно за зачувување на ретки и загрозени растителни и животински видови, како на национално, така и на ниво на Европската унија. Исто така, ова подрачје има значајна улога во одржување на природната рамнотежа и екосистемските услуги во регионот. Белчишко Блато веќе е идентификувано како идно Натура 2000 подрачје.

Во рамките на постапката за донесување на Законот се предвидени јавни консултации со граѓаните и засегнатите страни. Јавното известување е објавено на интернет страницата на Министерството (www.moepp.gov.mk) и на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) на РСМ (http://www.ener.gov.mk/).

Граѓаните и организациите имаат можност да достават коментари, мислења и предлози во рок од 20 дена од денот на објавувањето на предлог Законот. Дополнително, Министерството најавува дека во текот на постапката може да се организираат и директни консултации, состаноци со засегнатите страни, како и јавна расправа доколку се утврди потреба.

Забелешки и предлози може да се испраќаат електронски на e-mail адресите на:

  • Билјана Тешева Ѓорѓиевска: b.tesheva@moepp.gov.mk
  • Влатко Трпески: v.trpeski@moepp.gov.mk
  • Кузман Куновски: k.kunovski@moepp.gov.mk

Исто така, мислења можат да се дадат и преку веб порталот на ЕНЕР.

Од Министерството потенцираат дека учеството на јавноста е од клучно значење за обезбедување квалитетна и одржлива заштита на Белчишко Блато, која ќе ги зачува природните вредности, но и интересите на локалното население.

Related Posts

Сончево и стабилно време со засилен ветер од север

Топло време низ Македонија: Температури до 32 степени

26.05.2026

Големи промени за брзите кредити: Државата подготвува удар врз „продавниците за пари“

25.05.2026
Мицкоски: Законот важи за сите, институциите постапуваат во случајот со член на обезбедувањето

Мицкоски со остра порака до обвинителството: „Трпението е при крај, правдата ќе стигне до сите“

25.05.2026

Коалицијата на Египќани се огради од ставовите на Рубин Земон

25.05.2026

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово?

25.05.2026

КОНЕЧНО СТИГНА ЛЕТО: Македонија влегува во топол бран – температурите над 30 степени се враќаат

25.05.2026

Препорачани Вести

МВР со детали по апсењето во Куманово

2 месеци ago
Крвава заседа во Албанија: Автомобил под оган од 30 куршуми, брачен пар ликвидиран на лице место

Крвава заседа во Албанија: Автомобил под оган од 30 куршуми, брачен пар ликвидиран на лице место

4 недели ago

Популарни Вести

  • Извор: Screenshot; X

    Израелски воздушни напади го погодија југот на Либан: Цел беа повеќе области

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жешко лето уште во мај: Европа под закана од температури до 16°C над нормалата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Топло време низ Македонија: Температури до 32 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големи промени за брзите кредити: Државата подготвува удар врз „продавниците за пари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.