среда, јули 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Листа со сите закажани хируршки интервенции од денес ќе биде видлива на јавен портал

by Redakcija
04.02.2026
in Македонија
Листа со сите закажани хируршки интервенции од денес ќе биде видлива на јавен портал

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес претстави нов модул за електронска евиденција на елективни хируршки интервенции, кој на јавноста ѝ овозможува целосен увид во закажаните операции во јавните здравствени установи. Ова е првпат во земјава да се воспостави систем што функционира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

„Со новиот портал воспоставуваме ред и јасен протокол за евиденција на закажаните интервенции. Секој пациент ќе може да ги види своите опции, а податоците ќе бидат достапни за граѓаните и за креаторите на здравствената политика“, истакна Алиу. Порталот овозможува пребарување по специјалност на лекар, вид на хируршка интервенција, јавна здравствена установа, број на пациенти кои чекаат и конкретен лекар специјалист, со што се овозможува детална анализа и транспарентност на сите нивоа.

Министерот посочи дека досегашниот систем за евиденција, преку „Мој термин“ со издавање на „болнички упат за операција“, покажал сериозни недоследности. Често упатите не се издаваат веднаш по утврдување на потребата за операција, а некои установи користеле друг тип упат, додека листите за чекање се воделе делумно во хартиена форма. Сето тоа создавало неточна слика за времето на чекање и реалните потреби на пациентите.

„Сега секоја установа доби поединечно известување со анализа на бројот на извршени интервенции и реалните упати внесени во системот. На овој начин ги идентификуваме разликите и го унапредуваме планирањето и распределбата на ресурсите. Ова е и чекор кон усвојување на европските практики во здравството“, нагласи Алиу.

Со воведувањето на новиот модул, граѓаните ќе можат да следат како се движат листите на чекање, додека здравствените установи ќе имаат реална слика за потребите на пациентите и можност за поефикасна организација на хируршките интервенции.

Related Posts

Мицкоски: Капиталните проекти се доказ дека Владата испорачува резултати

15.07.2026
Започнува евакуација на 505 македонски државјани во ОАЕ, а наскоро и од Катар, Бахреин и Кувајт

Со владиниот авион летал приватно, трошел со службена картичка – обвинет поранешен директор на СОЗР

15.07.2026

Од четврток нестабилно време во Македонија: Се очекуваат дожд, грмежи и локални невремиња

14.07.2026

Реакција од ВЛЕН: Говорот на омраза и оправдувањето на етничко чистење немаат место во Европа

14.07.2026

Условна казна за екс-претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска

14.07.2026

Николоски: Со поддршка од ЕУ воведуваме модерен надзор и поголема безбедност во сообраќајот

15.07.2026

Препорачани Вести

heraklea

Хераклеја Линкестис: Античкиот бисер на Битола што ја оживува историјата

7 месеци ago
Покачени се цените на нафтата по барел поради геополитичките тензии

Тензии околу Ормутскиот теснец: Трошоците за транспорт на нафта и гас достигнаа рекордни нивоа

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави ново намалување на акцизите: Владата ќе интервенира за да ги задржи ниските цени на горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Добра вест за патниците: Повторно функционира железничката линија Скопје – Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа инвестира милијарди во бакар, Македонија сè уште чека на Иловица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Капиталните проекти се доказ дека Владата испорачува резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.