четврток, октомври 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Интензивни активности за расчистување и ревитализација на брегот на езерото Младост

by Redakcija
04.02.2026
in Република

Интензивно продолжуваат активностите за расчистување на брегот на езерото Младост. Во изминативе денови, со механизација на Водостопанство и ЈПВ „Лисиче“, се спроведува чистење на брегот од страната на регионалниот пат.

Доколку дозволат временските услови, планираното чистење до локацијата кај бродот „Панини“ се очекува да заврши до почетокот на идната недела. Потоа ќе следи собирање на биомасата – трска, тиња и гранки – по што ќе се донесе тампон и ќе се постеле брегот, со цел да се спречи повторно таложење на органски материи.

Од надлежните упатуваат јавна благодарност до сите кои учествуваат во процесот, а особено до општествено одговорните компании кои со сопствени средства и ресурси овозможуваат непречено одвивање на активностите.

Воедно, се упатува апел до останатите правни и физички лица кои функционираат покрај езерото да се вклучат во акцијата, која значи заштита и зачувување на езерото Младост, но и одржлив и стабилен прилив во иднина за градот и за самите корисници.

Во наредните денови се очекува и отпочнување со работа на фирмите кои преку бушотини ќе обезбедат дотур на свежа вода во езерото. Одговорните потенцираат дека фокусот не е на барање виновници во минатото, туку на заедничко градење решенија за иднината, со порака дека Велес може да напредува само со единство и заеднички ангажман.

Related Posts

Општина Битола: Потпишан Меморандум за соработка меѓу индустриските зони од Западен Балкан и ЕУ

01.10.2026

Ѓорчески-Ципа, Поп Диме Саров и Сане Ристов-Гуле меѓу предлозите за тетовски улици

01.10.2026

Нова инвестиција во битолскиот водовод: Се реконструира мрежата на „Христо Ботев“

30.09.2026

Планирани прекини на струјата во Брвеница, Теарце и Желино

29.09.2026

Битола и Будва чекор поблиску до збратимување: Коњановски разговараше со Никола Јовановиќ

29.09.2026

Општина Битола ја засилува механизацијата на „Нискоградба“ со нов „HIDROMEK“

29.09.2026

Препорачани Вести

НАСА објави први фотографии од „заоѓањето на Земјата“ над кратерите на Месечината

НАСА објави први фотографии од „заоѓањето на Земјата“ над кратерите на Месечината

6 месеци ago

Коњановски: Поддршката за менталното здравје на младите останува приоритет

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач на камион од Македонија загина во тешка несреќа кај Лесковац

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски во Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Изгоре багер на градилиштето на стадионот на Шкендија: Беќири и ВЛЕН се сомневаат во саботажа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.