вторник, јуни 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Зголемување на платите на административците

by Redakcija
05.02.2026
in Економија

По денешната средба во Владата, гранковиот синдикат УПОЗ соопшти дека ја прифаќа владината формула за зголемување на платите во администрацијата и правосудството.

Зголемувањето, според изјавите по средбата, ќе се реализира во три рати од по 8% годишно (наместо 10% како синдикално барање), а исплатата треба да почне од март, со услов претходно да поминат внатрешните процедури и да се потпишат колективни договори по институции.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, изјави дека Владата го прифатила синдикалното барање „не во целост“, но како суштински исчекор го посочи прифаќањето да се исплаќаат и додатоците на плата.

– За жал, не по 10 проценти, но не ги добивме минатата година. Меѓутоа сега Владата прифаќа да ги исплаќа отсега заедно со почеток од март, на начин на што сите институции во државна управа и правосудство, значи судови, обвинителства, ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право, рече Деаноски.

Мицкоски, одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.

– Повеќето од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранкските, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа е како ќе следува покачувањето на платите на административците, етапно ќе значи и повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата, рече Мицкоски. 

Related Posts

Рокас: Енергетските реформи ќе го забрзаат европскиот пат на Македонија

01.06.2026

МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029 – Јавниот долг останува стабилен и одржлив

01.06.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,29 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

01.06.2026

Божиновска: Зелената енергија е иднината, а децата се нејзините најголеми амбасадори

01.06.2026

Одлични вести за возачите – Ова е новата цена на дизелот

01.06.2026
Во кои земји заработуваат најмногу по час? Листа што ќе ве изненади

Само 12 дејности во земјава имаат просечни плати над 1.000 евра

01.06.2026

Препорачани Вести

Планирани прекини на струја утре во Тетово и околните села

4 месеци ago

Утре две тетовски села ќе бидат без струја

4 недели ago

Популарни Вести

  • Рокас: Енергетските реформи ќе го забрзаат европскиот пат на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре делови од Скопје без струја поради планирани прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем дел од Тетово и повеќе тетовски села ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украдено возило требало да биде пропуштено за пари – полицаец заработи кривична

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ова се млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.