петок, октомври 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Ревизија со негативна оценка: Државниот архив со пропусти во финансии, јавни набавки и заштита на архивски материјал

by Redakcija
12.02.2026
in Македонија
Ревизија со негативна оценка: Државниот архив со пропусти во финансии, јавни набавки и заштита на архивски материјал

Државниот архив повторно се соочи со сериозни забелешки од државните ревизори. За финансиското работење во 2024 година, Државниот завод за ревизија изрече најстрога оценка – неповолно мислење и за веродостојноста на финансиските извештаи и за почитувањето на законите и прописите.

Ова не е првпат институцијата да добие негативна оценка. Уште во 2016 година Архивот доби неповолно мислење за финансиските извештаи, а мислење со резерва за усогласеноста со законите. Две години подоцна, при контрола на спроведувањето на препораките, ревизорите утврдија дека од девет дадени насоки само две биле целосно реализирани, четири делумно, а три останале во тек. Осум години подоцна, проблемите очигледно не се надминати.

Последната ревизија открива сериозни слабости во основните финансиски и управувачки процеси. Пописот на средства и обврски не се спроведувал соодветно, а сметководствената состојба не била усогласена со фактичката. За дел од објектите што се во сопственост на Архивот нема докази дали воопшто се евидентирани во деловните книги, ниту пак биле осигурени како постојани средства. Дополнително, движењето на залихите од публикуваните изданија не се водело ажурно и хронолошки.

Ревизорите нотираат и загрижувачки состојби поврзани со основната мисија на институцијата – заштитата на архивскиот материјал. Дел од депоата не ги исполнуваат минималните услови за чување и заштита, ниту пак се обезбедени соодветни мерки против неовластен пристап. Станува збор за материјал што претставува културно-историско наследство од особено национално значење.

Констатирани се и слабости во пресметката на платите, како и во спроведувањето на јавните набавки. Дополнително, Архивот сè уште нема воспоставено функција на внатрешна ревизија – механизам што треба да обезбеди контрола, подобрување на процесите и спречување на неправилности.

Во делот на нагласени прашања, ревизорите укажуваат дека систематизацијата на работните места не ги опфаќа сите нивоа на административни службеници, како и дека постојат слабости во пополнувањето на испразнетите позиции преку договори на определено време. Новододелениот објект, пак, не ги исполнува стандардите за архивско работење, што директно влијае врз квалитетот на извршувањето на основната дејност.

Дополнителен ризик претставуваат и судските постапки во кои Архивот се јавува како тужена страна, а кои можат да предизвикаат финансиски последици во иднина.

Во меѓувреме, законската рамка е изменета и дополнета со цел да се уреди изборот, условите и надлежностите на заменик-директорот на институцијата. За време на ревизијата, Архивот направил одредени сметководствени корекции по укажувањата на ревизорите, што довело до измени во финансиските извештаи.

Раководството доставило и забелешка на нацрт-извештајот, но таа не била прифатена бидејќи не биле приложени нови докази што би ја промениле утврдената состојба.

Related Posts

Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

02.10.2026

Фон дер Лајен пристигна во Скопје, Муцунски ја пречека на аеродромот

02.10.2026

Македонските домаќинства фрлаат 86 килограми храна годишно по жител

02.10.2026

Мицкоски по приемот кај Трамп: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

02.10.2026

Што точно е договорено за цар Самуил во македонско-бугарската историска комисија?

01.10.2026

„Збогум, љубов моја!“ – емотивен крај на долгата авијациска приказна на Васко Михалчев

01.10.2026

Препорачани Вести

Детали за владината интервенција: Намалени акцизи и замрзнат ДДВ – дизелот спречен да скокне над 102 денари!

6 месеци ago

По силното невреме во Куманово: Поплавени домови, подруми полни со вода и голема материјална штета

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Шведската поддршка е важна за реформите и економскиот развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,63 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 декември нови правила за кредитите: Еве што ќе се смени за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огромен пожар во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург: Огнот зафати 2.000 квадратни метри

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.